Директорот на Државен Архив на Република Македонија, денес доби две писма од невладината организација МОСТ.
Невладината организација МОСТ чии прв човек е Дарко Алексов најжестоко ги брани ставовите на Зоран Заев и неговата партија за која почна да одработува од екот на предизборната кампања.
Денес директорот на Државен Архив на Република Македонија, доби две писма од невладината организација МОСТ.
Во писмата на г-динот Филип Петровски му се обраќаат лично и предупредуваат дека неговите политички убедувања не требало да влијаат врз неговата работа. Македонија е демократска држава во која владеењето на правото, политичкиот плурализам и слободните демократски избори се дел од темелните вредности на Уставот на РМ, пишуваат од невладината МОСТ.
По повод писмата кои денес ги доби Филип Петровски од „странскиот платеник“, се огласи и на Фејсбук со статус во кој директно му се обрати на Алексов:
„Оној странскиот платеник ми пратил не едно туку две писма. Па си земал за право да се става над законот.
Ви го пренесуваме во целост:
Е па да му одговорам јавно.
**
НЕ СЕ СЕКИРАЈ ПЕРАЧУ НА СТРАНСКИ ПАРИ. ГИ ЗНАЕМЕ НИЕ ЗАКОНИТЕ. А ДАЛИ ГИ ЗНАЕШ ТИ?! И ДАЛИ СИ ЧУЛ ЗА МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ? ИСТИТЕ ТИЕ ПРОТИВ КОИ ШТО РАБОТИШ СТАВАЈЌИ СЕ НА СТРАНА НА ОНИЕ ШТО САКААТ НАШАТА ДЕДОВИНА И ТАТКОВИНА ДА ЈА ПОДЕЛАТ И ДА И ГО ПРОМЕНАТ ИМЕТО!!“