Директорот на Државниот архив на Република Македонија е избран член на Извршниот и уредувачки одбор на EURBICA – Eвропски регионален огранок на Меѓународниот архивски совет (European Board of the International Council on Archives). Д-р Петровски ќе стапи на должноста на 1 јуни 2016 година заедно со уште шестмина членови – претставници од неколку национални архиви: Џон Чејмберс и Дебора Џенкинс од Велика Британија, д-р Чарлс Фаруџа од Малта, Карин Ван Хонакер од Белгија, Одил Велфел од Франција и поранешната директорка на Хрватскиот државен архив д-р Влатка Лемиќ.Целите и задачите на EURBICA се во согласност со генералните цели на МАС: воспоставување, одржување и јакнење на односите меѓу архивистите во регионот и меѓу сите институции, професионални тела и организации што се занимаваат со заштита и со управување на архивски материјал; преземање мерки за заштита од сите ризици врз архивското наследство во регионот и понатамошен развој на сите аспекти на управувањето и заштитата на тој архивски материјал; олеснување на користењето на архивскиот материјал во регионот по пат на обезбедување информации, нивно објавување и овозможување полесен пристап до нив; промовирање, организирање и координирање активности на полето на архивистиката; олеснување на професионалната обука на архивистите во регионот; соработка на други организации и институции што се занимаваат со документација и користење документација во корист на човештвото и организирање семинари, симпозиуми и други средби на специфични теми од заеднички интерес на членките од регионот.
Државниот архив на РМ е член на Меѓународниот архивски совет од 1992 година, во кој се вклучени преку 1400 институции, од 190 земји во светот, со паролата која ги обединува: Архивите претставуваат сеќавање на народите и општествата, го обликуваат нивниот идентитет и се камен-темелник на информациското општество.Целите и задачите на EURBICA се во согласност со генералните цели на МАС: воспоставување, одржување и јакнење на односите меѓу архивистит