Филип Петровски и денес се справуваше со квази-твитерџии!

Лудилото на Твитер не стивнува. И некако како секогаш да се провлекува истата реченица: „Твитувате од штаб“, наменета за сите оние кои се противат на идеологијата на СДСМ. Нивните штабски глувци го прават истото, па никој не го потенцира тоа.Како вистински глодари, се зафаќаат за сето она што би можеле да го изглодаат до срж и да предизвикаат штета.
Најлошата работа е што не може човек да се справи со овие глодари, но секако позабавно е човек да се занимава со нивните размислувања.
Нивната способност за трансформација е фасцинантна. Од жртви и угнетувани пленови, за миг се претвораат во крвожедни предатори и напаѓаат со сета сила.
Што значи дека баш и не се за жалење, посебно поради тоа што во оваа земја во никој случај не смее ништо да се прави без нечија дозвола, нели? Или тоа беше уште една лага? Да беше така, ние, обичните граѓани, ќе бевме лишени од безобразлукот и дрскоста на овие луѓе.
Директорот на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски, повторно се најде на мета на овие квази-твитерџии кои се до толку слободоумни и „непристрасни“ во своите размислувања, што глодаат таму кадешто твитаат поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ. 
Да не бидеме толку лоши и да гледаме од нивна перспектива, за Пророкот од Муртино и не е интересно да се пишува, со оглед на тоа дека слабо е експониран во јавноста и не допринесува за подобрувањето на економијата и инфраструктурата во земјава. Да бевме во Грција, можеби ќе беше поинаку. Но, водените површини во нашата земја се премали за пловење на јахти и климата е несоодветна според неговиот вкус за да купи викендица и да одмара. Секако, за вкус се работи и не се мешаме тука.
Од друга страна, за мразачите дури има и неколку научни студии кои би можеле да го објаснат нивното однесување. Налетавме на неколку интересни аргументи, по кои дури и малку како да нѝ падна криво за овие опасни критичари, бидејќи, според истражувањата, тие дури и несвесно мразат нешто и немаат конкретно објаснување зошто го прават тоа.
На следниот ЛИНК има подетално објаснување и дополнителни информации со кои искрено се надеваме дека ќе ја надминат кризата…
А во прилог може да посведочите за вокабуларот на новите старлети на Сорос…
Како вистински глодари, се зафаќаат за сето она што би можеле да го изглодаат до срж и да предизвикаат штета.
Најлошата работа е што не мож

Пронајдете не на следниве мрежи: