Денеска за потребите на дезавуирањето на јавноста и нанесување на штета на угледот на Државниот архив на РМ и на д-р Филип Петровски, беше објавена целосно невистинита дезинформација. Ова е одговорот.Во видеото кое директорот на Државниот Архив, Филип Петровски го објави пред малку на својот Фејсбук профил, објаснува дека текстот во кој пишува дека тој наводно бил уапсен и испрашуван, е тотално невистинит.
„Многумина денес ми се јавија да ме прашаат каква била таа драма во Архив, а всушост се работи за „парталот“, нагласувам „партал“ Мактел, којшто имаше наслов: „Драма во Архив на Македонија: СЈО го уапсило Филип Петровски во неговата канцеларија, по испрашување цел ден бил пуштен“ . Само да ви кажам дека текстот е целосно невистинит и Соросписките, соросовите медиуми кои активно работат на пуштање на спинови во последните години и ги превртуваат реалните настани, продолжуваат да ја работат својата работа.
Да ви кажам, сум во Државниот Архив, текстот е целосна лага“, објаснува Петровски
Тој исто така нагласи дека додека СДСМ и СЈО пред Нова Година работеле по рестораните и кафаните , тој работел на книгата која беше објавена неколку дена пред Нова Година: „Македонија во странскиот печат“
Слушнете ја целата изјава на Петровски во видеото:
Во видеото кое директорот на Државниот Архив, Филип Петровски го објави пред малку на својот Фејсбук профил, објаснува дека