Директорот на Државниот Архив на Република Македонија, Филип Петровски гостуваше во емисијата „Во Фокус“ која се емитува на регионалната телевизија „К3“.Теми на разговор во емисијата беа актуелната ситуација во државата, доделувањето на мандатот, инаугурација на Доналд Трамп.
На самиот почеток Петровски беше запрашан за политичката состојба во која се наоѓа државата во моментот.
Станува збор за вонредна ситуација, се виде дека албанскиот блок, ДУИ кога преговараа со ВМРО- ДПМНЕ за формирање на влада инсистираа за некои работи кои се од политичка гледна точка неприфатливи, зборуваме за некаква концепција на двојазичност. За жал Заев во изборната кампањата им вети кантонизација, ветуваа федерализација, што се сериозни, драматични промени кои немаат поткрепа во реалноста. Сметам дека немаме таков вид на држава со толку силно малцинство кое што има толку многу проценти на жители за да може на тој начин да се промени државата.“, изјави петровски во однос на политичката криза која владее во Македонија.
Во однос на доделувањето на мандатот Петровски се наврати на ситуацијата од 1992 година кога Љупчо Ѓоргиевски го доби мандатот од Глигоров, но не успеа да формира влада. Потоа, мандатот беше предаден на Петар Гошев кој исто така не успеа да оформи Влада, па потоа мандатот му беше доделен на Црвенковски. Директорот на државниот архив потенцираше дека тогаш не постоела јасно дефинирана пракса зошто им е даден мандатот, ниту некаков редослед, ниту нешто што е прецизирано во членот 90 од уставот на Република Македонија.
„Тогаш ВМРО поднесе иницијатива до Уставниот суд за разгледување на уставноста на одлуката на Глигоров. Судот се произнесе дека постапките на Глигоров со доделувањето по 3 пат мандат, а по втор пат на иста партија делуваат во рамките на своите уставни овластувања. Тоа покажува дека Иванов може да ја разреши кризата која сега ја имаме пред нас. Мислам дека Иванов треба да ги направи консултациите и повторно да го додели мандатот на ВМРО- ДПМНЕ, бидејќи од праксата гледаме дека тоа не е спорно“, изјави Петровски.
Целата емисија проследете ја во видеото.