Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО ДПМНЕ

Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО ДПМНЕ на вонредниот конгрес на партијата на 23-ти декември. Одлуката ја соопшти во вечерашната дебата „Само вистина“ со историчарот и публицист Стефан Влахов Мицов.Петровски рече дека се одлучил на овој чекор по опсежна анализа и консултација со семејството, партиското членство меѓу кое и од дијаспората од каде како што рече ужива подршка. Рече дека се соочува со притисоци поради ова од како што рече ,, палатата,, алудирајќи на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ. Рече дека многу сериозно и со огромно внимание од ,,палатата,, биле примени најавите за негова кандидатура. Апелира ни под разно, како што рече, никој да не се обраќа кон делегатите како да гласаат ние сме демократска партија, и секој има свое лично право да гласа по лично убедување. Во спротивно рече Петровски  можеме да се исправиме пред конгрес кој ќе  разедини, по што ВМРО ДПМНЕ нема да може да се извлече од кризата која е и од идеолошка природа и ќе се соочи со поголем губиток од губитокот на последните локални избори. Историчарот и публицист Стефан Влахов Мицов посочи дека не очекува претстојниот конгрес да биде демократски и дека кандидатот за претседател па и победник би бил некој многу близок до Груевски, по што предвидува разединување на партијата. Последните протести  поврзани со приведувањата за 27-ми април Влахов Мицов ги нарече циркузантски бидејќи намерно не биле добро осмислени и организирани. Петровски смета дека поради тоа што Никола Груевски побарал одговорност за тие што влегле во собрание , му се вратило потоа тоа на изборите. Петровски вели имал дојава дека било планирано и тој да биде уапсен за 27-ми април за кога како што вели, имало обид за асиметричен државен удар
Петровски рече дека се одлучил на овој чекор по опсежна анализа и консултација со семејството, партиското членство меѓу кое и од дијаспората од кад

Пронајдете не на следниве мрежи: