Филип Петровски, прв најави дека ќе бори за лидерското место , откако ги собра потписите, но не ја достави својата кандидатура. -Немам намера да учествувам на наместен конгрес- вели Филип Т. Петровски, кој прв најави дека ќе се кандидира за лидерското место на ВМРО – ДПМНЕ, но не ја достави својата кандидатура, иако ги собрал потписите и добил поддршка од делегатите.
– Конгресот во Валандово ќе биде фарса, не поднесов кандидатура, нема да учествувам во наместен конгрес – вели Петровски.
Тој го обвини кандидатот и генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека со закани и уцени врши притисок врз делегатите, дека води валкана кампања и им даде отворена поддршка на иницијаторите на писмото за промени во изборот на претседател на најголемата опозициска партија и за одложување на Конгресот.