Директорот на Државниот Архив на Република Македонија, д-р Филип Петровски преку статус на Фејсбук најави издавање на документ потпишан од Чакаларов. Се работи за копија верна на оригиналното – СВИДЕТЕЛСТВО ЗА ХРАБРОСТ од 1903 година потпишано лично од македонскиот револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација, Васил Чакаларов.
„Горд што можам да најавам. Наскоро ќе издадеме преку ДРЖАВЕН АРХИВ копија верна на оригиналот на ова СВИДЕТЕЛСТВО ЗА ХРАБРОСТ од 1903 година кое е потпишано од големиот ЧАКАЛАРОВ.“, напиша Петровски. Во продолжение оригиналиот пост директно од профилот на Петровски.