Филип Петровски: Навреме предупредив за катастрофата

Loading...

Статус на Филип Петровски од март оваа година. Каде што го деконструира местењето на конгресот визави денешната погубна политичка состојба во која што се наоѓа Македонија, а истовремено придружена со громогласно молчење на ВМРО-ДПМНЕ.
На време предупредив дека местењето на Конгресот во Валандово и намерното ослабнување на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на овие предизвици (за кои се знаеше дека надоаѓаат) кои до корен ја тресат МАКЕДОНОНСКАТА ДРЖАВА ќе произведе катастрофални последици.
Поради тоа бев подложен на интернет малтретирање организирано и одобрено од тие кои ги запоседнаа позициите без поддршка од членството. Исто така на омаловажување со неиздржани конструкции (кои времето ги растури како меур од сапуница). Наместо да се занимаваат со ЗАКАНИТЕ ПО ДРЖАВАТА тие почитувани, ве малтретираа во инбокс зошто сте ми пријатели или лајкувате статус.
Забегана работа. Е истите тие во првото читање на ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ со вешт маневар овозможија истиот да помине без проблем во 5 минути. Истите тие знаеја и молчеа за отсранувањето на споменикот на Ќосето. Збореа и зборат за некаква КОНСТРУКТИВНОСТ, се тепаат со математички НЕОЛОГИЗМИ за да ви го свртат вниманието од ДОГОВОРЕНАТА РАБОТА. Откако беа изложени на невиден притисок по комитетите, и по социјалните мрежи од најголемиот дел од вмровците поднесоа амандмани за второто носење на Законот што ја погреба МАКЕДОНИЈА онаква каква што ја знаеме од АСНОМ навака.
Амандмани кои вчера требаше со се што им е при рака да ги бранат. Но, не ги бранеа. Среќа што пак не почнаа да пејат. И наместо да најават блокади, ровови, протести и радикализација одма по КАТАКЛИЗМАТА излегоа на прес конференција да зборат дека партијата нема да отстапи од КОНСТРУКТИВНОСТА?! Еј!!! Која конструктивност бре. Ви ја АЛБАНИЗИРААТ државата пред нос вие зборите за реформски закони. Жално. И ние сме биле наследници на историското ВМРО.
Ќутете покрите се, да не чуе Гоце, Даме, Јане, Ќосето… Ќе ни се смеат од онаа страна на вечноста.

loading...