„Нема попуштање, вољата на народот беше јасно изразена и ВМРО – ДПМНЕ победи“
Државната изборна комисија (ДИК) по многу натегања и кавги конечно донесе одлука за последниот приговор поднесен од СДСМ поврзан со наводни нерегуларности на избирачко место во Теарце. По тој повод на Фејсбук се огласи Филип Петровски до сите граѓани на Република Македонија.
„Нема попуштање, вољата на народот беше јасно изразена и ВМРО – ДПМНЕ победи, народот избра правилно!“
Директорот на Државен архив апелира до сите да го погледнат обраќањето на Мухамед Зекири каде денеска порача од Приштина, дека македонците биле глупави и избрале лошо.
– Јас ќе кажам НЕ вие избравте вистински, избравте по своја волја и таа партија која ја избравте ќе ја оформи Владата, ако таа партија не ја оформи владата никој нема да оформи Влада. Бидете горди кренете глава високо. Мораме заедно да ја браниме Македонија, и оние кои не беа на гласањето за ВМРО-ДПМНЕ дојдете со нас, елајте браќа да се прегрнеме. Не се откажувајте од нас не се откажуваме од вас…- порача Филип Петровски.
Целото обраќање погледнете го во следното видео: