Филип Петровски: Сите заедно ја пишуваме историјата на Македонија

Државниот архив на Република Македонија, на 01 април 2016 година свечено го одбележа јубилејното постоење од 65 години.На свечената манифестација присуствуваа и 20 преставници од националните архиви на 12 земји. Воедно, имаше присутни и од државниот врв на Македонија, а свое обраќање оствари и Претседателот Ѓорге Иванов.
Присутните имаа можност да уживаат во богатата клутурно-уметничка програма, како и да се запознаат со досегашната работа на Државниот архив. Водено, беа најавени и идни проекти, како и објава на документи со кои допрва треба да се обелоденат делови од македонската историја, а за кои беше најавено дека ќе им бидат достапни на заинтересираните граѓани.
На свечената академија свое обраќање имаше и д-р Филип Петровски, кој посочи дека самиот чин на основање на Државниот архив претставува еден од најзначајните настани во нашата понова историја и е огромна придобивка од историско и од национално значење.
– За Македонија и за македонскиот народ Архивот претставува изворно сведоштво за постоењето, за опстојувањето на нашиот национален идентитет, за борбата на нашиот народ за создавање своја национална држава и за континуитетот на македонската политичка, државно-правна и национална мисла. Развојниот пат на Државниот архив е тесно поврзан со создавањето и развојот на младата македонска држава по Втората светска војна, а самиот чин на основањето има примарно национално значење во заокружувањето на државната власт. Во развојот и унапредувањето на архивската теорија и пракса во Република Македонија несомнено огромен придонес дадоа архивските работници, коишто целиот свој живот ѝ го посветија на професијата, на специфичната улога на чувари на пишаната документација на нацијата, применувајќи ги и усовршувајќи ги современата архивска методологија и пракса. Денес имаме нови поповолни услови, нов политички амбиент и можност да работиме и да твориме во сопствена, самостојна и суверена држава, со цел да ги афирмираме македонските вредности во Обединета Европа и во светот, истакна Петровски во своето обраќање.
Петровски наведе дека меѓу најзначајните документи што се наоѓаат во депоата на Архивот се: старословенските и црковнословенските ракописи; документите од периодот на османлиското владеење во Македонија; документите создадени од страна на македонските просветители; документите од македонското револуционерно и националноослободително движење; од Илинденското востание, од Балканските војни и Првата светска војна; документите што сведочат за активноста на ВМРО и ВМРО (обединета); од периодот меѓу двете светски војни; за активноста на Комунистичката партија на Македонија; за Народноослободителната војна и АСНОМ; за периодот на социјалистичкиот развој на Македонија во рамките на СФР Југославија како и документите по 1991 година, кога Македонија ја добива својата независност.
Во понатамошното обраќање, тој најави дека во тек е интензивирање и преземање на архивски материјал, со што допрва ќе се фрли светлина врз македонската историја и случувањата кои се дел до македонското битие и историјата.
– Во претстојниот период Архивот планира интензивирање и преземање архивски и мемоарски материјал, по пат на откуп, подарок и депозит од приватни лица, носители на општественополитички функции во периодот од постоењето на поранешна СФР Југославија, но и од лица што во тој период биле репресирани од тогашната власт заради несогласувања и поинакви политички ставови.Како посебна активност се предвидува валоризација на целокупниот архивски материјал согласно со Законот за прогласување на културно наследство од особено значење во Република Македонија.
Во продолжение имате можност да го слушнете обраќањето на д-р Филип Петровски
На свечената манифестација присуствуваа и 20 преставници од националните архиви на 12 земји. Воедно, имаше присутни и од државниот врв на Македониј

Пронајдете не на следниве мрежи: