„Извесниот Фатмир Лимани, командант на УЧК во 2001 година ги потврди моите позиции, ставови изнесени во книгата За Нас, објавена во 2003 година во Скопје. Поради истата со години сум опишуван како националист, а во скоро време и како фашист (види моите дуели на ТВ НОВА). Па сепак не било баш така. Не сум фантазирал, туку благовремено сум предупредил дека борбата за човекови права во 2001 беше една ГОЛЕМА ФАРСА….“ Вака ја почнува својата белешка која ја објави на Фејсбук директорот на Државен архив, д-р Филип Петровски. Истата ви ја пренесуваме во целост.Извесниот Фатмир Лимани, командант на УЧК во 2001 година ги потврди моите позиции, ставови изнесени во книгата За Нас, објавена во 2003 година во Скопје. Поради истата со години сум опишуван како националист, а во скоро време и како фашист (види моите дуели на ТВ НОВА). Па сепак не било баш така. Не сум фантазирал, туку благовремено сум предупредил дека борбата за човекови права во 2001 беше една ГОЛЕМА ФАРСА.
Еве што вели Лимани: Идејата беше да почнеме војна за обединување, но поради притисоците на меѓународниот фактор, таа се разви во војна за соживот. Ова е првпат по 15 години од конфликтот поранешен припадник на ОНА, а сега функционер на ДУИ, Фатмир Лимани, јавно да признае дека конфликтот во 2001 година бил за обединување на, како што велат, териториите каде што живеат Албанците, а не за човекови права, како што се прикажува изминативе години.
Човекот мошне прецизно ја црта шемата: Лимани во дебатна емисија посочи и дека заклетвата на војниците на УЧK е главната причина зошто и 15 години по конфликтот, македонските партии не прифаќаат да го решат статусот на поранешните припадници на ОНА. Лимани вчера потврди дека војната почнала за обединување на сите територии каде што живеат Албанците – Kосово, Македонија, Црна Гора, Прешевската Долина и Чемерија – со Албанија, но под влијание на меѓународните претставници, особено САД. таа се трансформирала во војна за човекови права.
И еве што вели за заклетвата на УЧК: Заклетвата на припадниците на ОНА остана тајна и 15 години по конфликтот. Пред 10 години пишуваше за заклетвата на припадниците на ОНА, односно дека завршните зборови од големата заклетва биле „ќе се борам до последната капка крв за обединување на албанските територии“. Во ДУИ ни тогаш ни сега не сакаат да ја потврдат содржината на заклетвата. Поранешните припадници на ОНА, а сега функционери на ДУИ не сакаат да зборуваат за заклетвата со изговор дека не се сеќаваат.
Еве што напишав по повод војната во 2001 во мојата книга За Нас: Првата година од третиот милениум на човештвото после распетието на Христа, милениум во кој многумина предвидуваат дека нашиот род ќе го победи просторот и времето напуштајќи го нашиот соларен систем, во потрага по нови подобри места за живеење, за мојата држава, татковина, Македонија започна трагично.
Еден навидум минорен и за многумина случаен пограничен инцидент, се претвори во хаос, трагедија, одење по жица и во многу заличи на пат од кој нема излез. Жртви, мински полиња, подмолни убиства од заседи, одлетани во воздух манастири, ѕверски мачења и масакрирања, темници, страв, жед…
Склон сум со голема сигурност да одговорам дека нема ниту еден процент на случајност во “војната во Македонија”, во 2001 година. Оти секој што сака да има основна ориентација во животот знае дека во политиката, во сите државни, посебно во сите големодржавни проекти е инволвиран Ум. И тоа Ум на илјадници луѓе, Ум на генерации и генерации потребен за да се создаде и објави идеја.
Повторно доаѓаме до прашање, ново прашање, наредно прашање: “Каков Ум?”, кое што е поврзано со прво поставените прашања, зошто сега и токму на нас. Одговорот е многу прост и е во тесна врска, релација со дефиницијата на создавањето на државата. Било која држава. Ако така се постават прашањата, малку се разгледа во историјата одговорите сами се нудат.
Можеби навистина постои “македонски синдром на самоуништување”, можеби е во прашање некакво проклетство, но навистина беше жално да се гледа игнорирањето на вистината, игнорирањето во име на некои повисоки (партиски) цели. Никој не сакаше (со чесни исклучоци) да ја види стратегијата на Умот, која што се откриваше, прикажуваше со целата нејзина можна грдост.
Голема Албанија, Проект толку јасно испорачан, на сите нас, од сите Албански учесници во македонската политичка арена. Замислен пред сто дваесет и три години во Призрен, поставен како долгорочна и обврзувачка стратегија. Потврдуван и препотврдуван, за да не се заборави, оти некои работи се забораваат во време на само една генерација. Последен пат потврден во времето на нашата генерација, минатата година, исто така во Призрен за да ја зајакне симболиката и потенцира решеноста, овој пат, еднаш-засекогаш да се оствари. Додека македонските синови гинеа по најновите македонски фронтови, од падините од Шар планина, подножјето на Тетово, околината на Скопје, до предградијата на Куманово, Џафери, Имери и Ахмети потпишаа заеднички документ во Призрен и испорачувајќи ни го, јасно ни ставија до знаење дека сметаат оти е дојдено времето да го реализираат вековниот сон на Албанците, голема Албанија, која што ги вклучува териториите на Македонија од Куманово, Скопје, Велес, преку Прилеп и Битола се до Охрид…
Зошто тоа никој во Македонија несакаше да го види останува за мене енигма на која што не можам да си одговорам. Синдром?
Целата книга бесплатно на следниот линк
Дуелот со претставникот на БЕСА и нивните измеќари од НСДП, погледнете го во видеото.
Изјавата и признанието на Лимани, прочитајте ја тука