Филип Петровски: учествувате на наместен конгрес, историјата ќе биде немилосрдна

Loading...

Обраќање до делегатите од Валандовскиот конгрес и сите членови на ВМРО-ДПМНЕ,
Почитувани браќа и сестри, во пресрет на историските моменти кои следат, а тоа е и нелигитимниот конгрес, сакам да Ви се обратам отворено и искрено,
Бев првиот која јавно истакна дека ќе се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ,
Бев првиот кој јавно истакна дека се подготвува наместен, режиран и проформа конгрес,
Бев првиот кој прозва дека Христијан Мицковски е фаворизиран од Груевски, за потоа Груевски да се обрати со писмо, секој еден од Вас ја знае вистината, Вие знаете кој Ви се јави и и какво прашање ви постави, знам и јас, и затоа со гадење го следам Мицковски како безочно лаже дека не вршел притисок.
Можеби е во право за една работа, а тоа е дека делумно освен него, и друг вршеше притисок и друг собираше потписи за него, а и друг ја достави кандидатурата за него. Човекот е само параван и ништо друго. Од авион се гледаше дека Груевски го форсираше него. Има многу примери и докази. Зошто никогаш претходно Генералниот секретар не му беше дозволен толкав ПР, достапност до медиуми, пари и слобода во делувањето. Имав храброст да се спротиставам на ова и, жалам што многу мои колеги останаа настрана и неутрални во овој историски момент на нашата партија. А, причината е стравот. А, до кога страв? Страв кога бевме на власт да се кажат отворено работите (јас не, јас се одважив и делував за окрупнување на десницата)
Страв од хунтата, а, сега страв и од своите за искажано слободно мислење за процеси во својата партија. Која хипокризија, се бориш со хунта која сее страв од позиција во партијата која определена врхушка исто така сее страв на своите членови и делегати. ОДВРАТНО. Жално е што врхушката и неколку ПР момци се обидуваат ова да го престават поинаку, незнаејќи дека си ја потценуваат сопствената и интелигенцијата на нашите луѓе. АЛООО, наши луѓе.. Но, за тоа историјата ќе биде немилосрдна. Сите знаеме зошто овој кандидат е инсталиран, да го чува влијанието на врхушката, за кој отидовме во опозиција и најверојатно добар дел во затвор… И, да биде конструктивен кога ќе дојде ред да се менува името.
И, ТОЧКА, толку. Тој да имаше доблест и коректност, ќе дадеше оставка од генерален секретар и место од палатата, ќе собираше потписи од секој месен комитет. Со презир го гледам моментот кога бившиот претседател Груевски со лаги се обидува да го брани, како луѓето да се слепи, глуви и глупи на моментите кога доаѓаат луѓето на Христијан по потписи… Почитувани делегати, Вие на овие луѓе не им должите ништо, никогаш и не сте им должеле, се што сте постигнале во хиерархијата на партијата и функциите сте го заслужиле и никој не ви го дал. Се надевам дека сте свесни во која шема влегувате и дека за тоа утре и Вас историјата ќе ви го мери вашиот чекор и одлука. Видете денес што се случи, гласно говорев тоа што потајно Вие ми го шепотевте, и денес оркестрирано од медиуми блиски до еден соработник на Христијан (негов родител), а и медиуми на хунтата дека јас сум направил некоја проневера кога сум бил директор во архивот… И, тажно и смешно во исто време, Но, ме зачудува кој кого и зошто брани, хунтата со оваа афера му го чисти теренот на Христијан, некоја амбасада или самиот тој?
И, уште нешто, на 27 април јас влегов во собрание, но не и Христијан, тој беше надвор и не смогна храброст да ги охрабри нашите пратеници кои сега гнијат во затворите. Вие сте и свесни за моќта на нашите протести (на ВМРО пред судот, заб. наш), секој ден по 50 луѓе доаѓаат на протестите. Има разочараност, а тие 50 луѓе се поширокиот тим на Груевски и Мицковски. Толку ќе има и од понеделник после конгресот… Жално…
Денес повторно лага од Мицковски дека вчерашниот Централен Комитет поминал во конструктивна атмосфера. Ццццц, кого лаже? Централниот почна во 21:30, и траеше до скоро 01:30 по полноќ во доста тензична и мачна атмосфера. Вчера на централниот беше полупразно, така ќе биде и во Валандово.
Ве повикувам Вас, делегатите на конгресот денес и утре да размислите прво за вашето учество, второ за вашето гласање. Ги повикувам медиумите точно да бројат кој се ќе биде присутен и нема да биде присутен. Им благодарам на моите подржувачи кои беа во десеткратно поголем број на терен, на моите подржувачи на социјалните мрежи кои се десетици пати побројни од оние на Груевски, Мицковски, србовци и миленковци заедно (ќе се сложите релевантен показател). И, секако на мојот тим… На членовите, на подржувачите и симпатизерите на ВМРО – ДПМНЕ им порачувам да не очајуваат, ќе дојде брзо денот кога ќе има нов легитимен конгрес со членови, делегати од месни и општински комитети наместо лични секретарки и шофери.
Доста беше молчење, Со огромен дел од Вас сум личен пријател и соборец.
Останувам гласот на членството
Да живее ВМРО-ДПМНЕ
Ваш Филип Петровски

loading...