Филип Петровски за РСМ: Овие вандали доколку мислеа дека имаат поддршка од народот ќе одеа на избори

Веќе 4-та недела како низ улиците на Македонија се протестира. Демонстрантите организирани од невладината организација „Протестирам“ гледаме како секојдневно низ улиците на главниот град а и низ другите градови низ државата ги уништуваат јавните добра, спомен обележјата кои имаат посебно историско значење. Овде нема воздржани, има само ДА и ПРОТИВ се отвараат деликатни прашања а се даваат конкретни одговори. Ви го пренесуваме разговорот со Филип Петровски во политичкиот магазин Кворум со Бојана Димитриева на Радио слободна Македонија.
За политичката состојба во Македонија, за протестите кои траат веќе 4-та недела, за собирите на ГДОМ кои инсистираат на избори на 5-ти јуни, како и за излезот од политичката криза, Бојана разговараше со директорот на Државен архив, проф. д-р Филип Петровски.
Како да се стави крај на сето ова што се случува и на штетата која ја предизвикуваат демонстрантите?
„Штетата е поголема по чувството за национална припадност, штетата е најголема во поделбата на македонското национално ткиво. Оние што ова го прават, создаваат трајни последици кои ќе бидат пишувани и анализирани од историската наука. Штетата е дотолку поголема што врз она што го прави една многу мала група на луѓе ликуваат оние што сакаат да ја видат Македонија со променето име или Македонија поделена преку федерализација. Моја обврска и должност е да реагирам и реагирам како на социјалните мрежи така и на собирите организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија.“
Последните истражувања покажуваат дека 75% од граѓанството не го подржуваат ова што го прават вандалите на СДСМ и СОРОС. Македонскиот народ не поднесува ваков начин на однесување. Ова се настани кои ќе треба да ги проучуваат психолози и психијатри, а луѓето кои ова го прават ќе треба да одговараат, бидејќи ова е не е демократија, туку тотална анархија и безредие на кое треба да се стави крај.
Во однос на прашањето каква е атмосферата на собирите на ГДОМ и какви пораки се испраќаат на тие собири Петровски изјави:
„Оној кој бара легитимитет од народот тој сака да оди на избори, оној што коленичи по странски амбасади не сака да оди на избори. Една порака може да се испрати – Секој кој мисли дека е доволно силен во политичка смисла, дека има поддршка на народот би сакал да оди на избори. И овие вандали и хулигани доколку мислеа дека имаат поддршка од народот ќе одеа на избори. Македонија го направи најпрочистениот список на планетава земја. Сите желби од страна на опозицијата се испочитуваа, а тие се обидуваат сепак да создадат состојба на хаос и да се одложат изборите. Нивниот странски идеолог Ванхајте  експертот за создавање кризи самиот во интервју за „Фокус“ рече: „Ние не сакаме да го симнеме ВМРО сакаме да создадеме криза.“
Прва намера на Заев и од мината година му беше да ја ослабне економијата за да може да напаѓа по ВМРО дека нема доволен раст на БДП и дека нема доволно вработувања, но тоа не им се оствари. Овој хаос по улиците е упатен да се постигне несигурнаст кај граѓаните и да се создаде хаос страв и паника кај странските инвеститори кои што веќе имале план да дојдат во Македонија тој план да не го остварат, вели Петровски во интервјуто за Радио слободна Македонија.
Петровски ги изнесе и своите ставови и знаења за Сорос кој делува преку добра мрежа на развиени медиуми не само во Македонија. Сорос  ја презема соработничката служба на УДБА после распаѓањето на Југославија. Повеќе за тоа можете да прочитате во интервјуто кое Филип го даде во најтиражниот хрватски весник „Вечерњи лист“. Прочитајте ТУКА
Она што се случува во другите земји од Екс Југославија е пресликување на она што се случува во Македонија.
„Било кој совесен граѓанин ќе им се спротивстави на овие наркомани, хулигани кои лиферуваат постојано измислени бројки. Прво беше дека се иселиле 600 илјади луѓе од државата за 10 години што се покажа како неточно бидејќи завод за статистика потврди дека се 80-тина илјади во 25 години.“
Во врвот на СДСМ нема патриоти, вели Филип Птровски. Тоа го потврдува со ставовите дека  многумина заборавија дека до 96-та година Тетово имаше македонски градоначалник а потоа стана албански град. 20 години СДСМ континуирано ја продаваат западна Македонија.
„Кога помина сето тоа Заев најавува дека ќерка му треба да учи албански јазик. Тоа не може да се нарече патриотизам. Не смеат да ги погледнат албанските споменици а не па а гаѓаат на нив.
Идеолошката константа и финансиите ги води Шеќеринска бидејќи таа е поврзана со СОРОС и таа му дозволи на Сорос да ја киднапира СДСМ.“
За странците кои се мешаат во внатрешната политика на државата  а притоа само придонесуваат да ги зацврстат нелогичните ставови на СДСМ и да ја продлабочат кризата меѓу кои и Ванхауте, како и за Штајн Маер кој  назначува специјален пратеник за Македонија а станува збор за Јоханес Хајндел поранешен новинар, дипломат и  германски амбасадор во Австрија можете подетално да слушнете во видеото од емисијата кое следи подолу.
Соросоидите сакаат целосно да ја обезглават државата и нема случајни играчи во оваа ситуација. Решение за излез од кризата може да биде само повикувањето на разум и избори
За ДУИ кои не даваат конкретен одговор дали ќе оди на избори или не Петровски вели:
„ДУИ е терористичка структура која запад ја преведе во политичка партија во 2001 година и тој ментален склоп останува и ден денес во позадина. Тие се должни на својот спонзор бидејќи од нив направи политичка и терористичка структура. Тие долгови се отплаќаат. Тие знаат дека ВМРО неможат да го победат туку сакаат да го ослабнат.
Целата емисија погледнете ја во видеото кое следи.

Пронајдете не на следниве мрежи: