Официјален Вашингтон прати протест до Манила поради тоа што претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, американскиот амбасадор Филип Голдберг во својата земја го нарекол „кучкин син и хомосексуалец“.Истовремено го обвинил дека се меша во внатрешните рбаоти на Филипините. Портапролката на Стејт Департментот Елизабет Тридо, по „испадот“ на филипинскиот претседател изјави: „Налетавме на неприфатливи коментари што се однесуваат на нашиот амбасадор Голдберг.“
Дутерте важи за државник кој нема почит кон САД, а и инаку има долг јазик и краток фитиљ.
Но, поалармантно е тоа што Тридо признала дека САД се загрижени поради можни апсења на поранешни функционери осомничени за поврзаност со трговија со дрога.
Дутерте изјави дека повеќе од 150 филипински функционери, меѓу кои има градоначалници и полицајци, се вмешани во незаконски активности и имаат еден ден да се предадат на властите.
И откако се предале околу 50 лица, Дутерте на сите им порачал:
„Заборавете на законите за човекови права. Влегов во претседателскиот дом и ќе продолжам да го правам она што го правев додека го водев Давао.“
Сето ова има и своја позадина. Филипинскиот национализам има една специфичност: голема наклонетост кон Америка. Во таа земја постои партија која како главна точка во програмата има барање Филипините да станат една од државите на САД.
Дутерте стана претседател на Филипините кон крајот на јуни 2016 година, кога наполни 71 година.
Во светот е познат откако им објави војна на дилерите на дрога.
Претседателот рече дека секој што ќе убие лице поврзано со дрога ќе биде богато награден. Ако станува збор за дилер, убиецот ќе добие 56.000 долари, главата на луѓето под дилерите ја процени на 28.000 долари, додека за малите трговци дава по 1.400 долари.
Многу службеници се побунија и рекоа дека оваа „крвава акција“ мора да престане.Истовремено го обвинил дека се меша во внатрешните рбаоти на Филипините. Портапролката на Стејт Департментот Елизабет Тридо, по „испадот&ldqu