Филм рецензија: Jobs, имперфектен филм за еден имперфектен човек

Иако не сме специјализирани за рецензирање на филмови, сепак не смееме да пропуштиме и да го споделиме нашето мислење за филмот посветен за еден од најголемите луѓе во светот на технологијата…Уште од самата најава на овој филм, постојат „измешани“ реакции. Андроидџиите превентивно го „хејтаа“, додека пак ајфонџиите делумно беа заинтересирани, но повеќето беа индиферентни. Анализирајќи ја ситуацијата од рецензиите, голем дел се негативни. Но, ние и баш не се согласуваме со нив. Да погледнеме зашто.
Приказна
Веднаш влегуваме во огнот. По гледање на филмот, ги погледнавме и рецензиите на IMDB, оние кои котираат највисоко на листата. Филмот има оценка од 5,7 и таа си е сосема заслужена – ние исто така би го рангирале во таа „област“. Но, рецензиите се негативни пред се поради приказната на филмот.
Токму оваа слика е еден од главните проблеми за лошото прифаќање од страна на јавноста. Периодот кој е опфатен во филмот е од средината на 70-тите години од минатиот век, па се до крајот на 90-тите, кога Steve Jobs повторно се враќа во компанијата. Судејќи според трејлерот и сликава, мислевме дека ќе го добиеме баш спротивното – работењето на легендарните производи како iPod, iPad и iPhone. За среќа (наместо за жал), добивме нешто драстично поинакво.
 

 

Втората причина за „хејтањето“ е режисерот и сценариото. Мора да ви напоменеме дека нема воопшто да уживате во филмот ако не знаете ништо за Steve Jobs. Веќе има филм кој го опфаќа овој период на Џобс (70-ти до 90-ти) и се вика Pirates of the Silicon Valley. Одличен филм, кој далеку посеопфатно го опфаќа овој период. Наша препорака е да го изгледате овој филм, па дури потоа филмот од 2013-та година со Ashton Kutcher. Навистина е неверојатно како овие филмови се надополнуваат.
Слика и звук
 
За филм кој е направен за еден од најголемите перфекционисти на планетата, режисерот и сите останати кои се одговорни за техничкиот дел направиле ужасна работа. Кадрите во еден момент се пребрзи, непотребно се кратат (постојат пејсажи кои се менуваат на пола секунда), а од друга страна има сцени кои се долги и непотребни. 
Главните глумци се солидни во своите улоги, иако сите актери од Pirates of the Silicon Valley си ја вршат подобро својата работа. Ештон Качер е премногу познат за да се вклопи директно во улогата на Jobs, а постојат и големи разлики во нивните гласови. Сепак, доволно добро си ја вршат својата работа за да не ве дистрактираат од приказната.
Повеќе на GSM.MKУште од самата најава на овој филм, постојат „измешани“ реакции. Андроидџиите превентивно го „хејтаа

Пронајдете не на следниве мрежи: