Од режисерот Мартин Скорсезе познат по своите филмови во кои го истражува американскиот свет на криминалот, ни доаѓа филмот „Волкот од Волстрит“. Во него тој ги истражува крајностите на мрачниот свет од големите финасиски трансакции, брокерство и изнуди. Резултатот е епско патување во опседнатост и опиеност – лакомост, адреналин, секс, дрога и постојано добивање и губење на лесно заработените пари. Филмот се темели на вистинита приказна за неверојатните подеми, голема заработувачка и живот на висока нога, како и постојаната потрага по уживање кое го предизвика падот на Џордан Белфорт (Леонардо ди Каприо). Тој е богат брокер од Њујорк кој заедно со својата весела банда на брокери баснословно ќе се обогати измамувајќи ги инвеститорите и изнудувајќи им милиони.
„Приказната на Џордан и припаѓа на американската фасцинација на подеми и падови – гангстерската традиција“, изјавува Скорсезе. „Меѓутоа, Џордан ја превзема оваа гангстерска традиција и ја менува. Тој не се крие од законот, туку го покажува своето незаконски стекнато богатство на сите можни начини – и практично моли за казна која на крајот ќе го уништи неговото мало царство.“
Во четврток на репертоарот на Cineplexx ќе се најде и најомилената норвешка Божиќна приказна режирана од Нилс Гауп, „Патот до Божиќната ѕвезда“ синхронизиран на македонски.
Храброто девојче тргнува на опасно патување во потрага по Божиќната ѕвезда за да го ослободи кралството од клетвата и да ја врати одамна изгубената принцеза, но моќните непријатели се обидуваат да ја спречат. Божиќна авантура за целото семејство сместена во величествената зимска земја на чудата. Обидувајќи се да избега од бандата крадци, 14-годишната Соња се крие во замокот на кралот каде што ја наслушнува тажната приказна што тој ја раскажува: откако ќерка му, малата принцеза Златокоса исчезнала во мрачната шума барајќи ја Божиќната ѕвезда, кралот скршен од тага, го проколнал предметот на нејзината катастрофална потрага. Само ако ја најде ѕвездата, што клетвата ја изгасила, во текот на останатите неколку дена пред Божиќ, Златокоса ќе се врати во замокот – во спротивно, таа ќе биде засекогаш изгубена.
На ова возбудливо патување Соња наоѓа многу магични помошници. Шумските џуџиња и го покажуваат патот кон Божиќната ѕвезда се до Северниот пол! За да стигне дотаму мора да јава на грбот на големата кафена мечка пробивајќи се низ северниот ветар. Како може нежно девојче како Соња да издржи така опасно патување?
На репертоарот ќе се најде уште една интересна анимирана авантура, приказната за зебрата „Кумба 3D“. Можеби е роден со половина шари, но на оваа авантура ќе покаже дека тој е зебра и пол! Оваа зебра мора да ги заслужи сите шари на своето тело.
Отфрлен од своето празноверно стадо, полу-ригестиот Кумба ја започнува најопасната мисија. Кога ќе открие дека му се заканува опасен леопард, тој ќе мора да собере доволно снага и самодоверба за да ги спаси сите животни на Големиот Кароа.
„Кумба за мене од почетокот беше многу лична приказна, но набрзо сфатив дека се работи за универзална тема. Кога почнав да им ја раскажувам приказната на луѓето околу мене, веднаш штом ќе кажев: „Се работи за полу-ригеста зебра…“, сите почнуваа да сочуствуваат со ликот. Значи беше потребен еден податок – дека е различен, дека не се вклопува“, вели режисерот Ентони Силверстон. Тој додава, „верувам дека тоа е причината што многу од нас не се чувствуваат удобно во своја кожа. Може тоа да биде нешто што нам лично не ни се допаѓа– одвнатре или однадвор – и растеме мислејќи дека кога тоа не би било дел од нашиот живот сè би било во ред и полесно. Но кога ќе воочиш дека нешто можеш да промениш, а некои други работи мораш да ги прифатиш – тогаш дека тоа е она што не обликувало на позитивен начин.“
Повеќе информации за филмовите можете да најдете на веб страната www.cineplexx.mk и на facebook страната https://www.facebook.com/CineplexxMakedonijaФилмот се темели на вистинита приказна за неверојатните подеми, голема заработувачка и живот на висока нога, како и постојаната потрага по уж