Скопје, 05.12.2014 – „Филмот „The Wait Of May“ (Чекајќи го мај) на бардот на италијанската анимацијаСимоне Маси, во четврток вечер го отвори четвртото издание на Меѓународен фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ што ќе се одржува до 6-ти декември во Кинотека на Македонија.
Првиот фестивалски ден започна со утрински проекции на осум анимации за деца. Вечерта беше резервирана за повозрасната публика која уживаше во 100-минутна проекција во рамки на која беа прикажани 14 анимации од цел свет.
Вчера беше прикажан и филмот „Конзо“ на единствениот македонски претставник, Иван Ивановски.
Организаторите на фестивалот, продукцијата „Аурипигмен“, велат дека се презадоволни од бројката на посетители кои вчера беа присутни во Кинотека на Македонија и од тоа што и во Македонија има љубители на анимацијата и препознавање на квалитетот на овој специфичен жанр.
Македонската публика и во следните два дена, 5-ти и 6-ти декември, ќе има единствена можност да ги проследи најдобрите и најнови филмови од светот на анимацијата .
Вториот ден од фестивалот, 5ти декември, исто така, ќе започне со проекција на филмовите за деца.
Во 12 часот, ќе се одржи и работилница на тема „Филмските фестивали – поттик и потреба“ на која ќе говори гостинката од Австрија, која е член на жирито, Дорис Бауер.
Официјалната програма ќе почне во 20 часот со прикажување на францускиот филм „Kiki of Montparnasse“ (Кики од Монтпарнас ). Билетите чинат 50 денари и може да се набават на влезот на Кинотека на Македонија. Организаторите на фестивалот, порачуваат дека билетите треба да се чуваат и по крајот на проекциите затоа што истите претставуваат бесплатен влез за клубот Midnight за датумот назначен на картата.
Во трите фестивалски денови ќе бидат прикажани вкупно 52 филмови и тоа 44 за возрасни и осум анимации за деца. Детската програма во сабота ќе почне во 12 часот, а влезот е слободен за сите заинтересирани.
Оваа година мото на фестивалот е „Ако сите светат, ти блескај“. Се пријавија рекордни 326 анимации од 52 земји во светот. Селектор на програмата е Благоја Куновски Доре, а за победниците и добитниците на наградите Златна, Сребрена и Бронзена Тула ќе одлучува четиричлено интернационално жири: М-р Мими Ѓоргоска-Илиевска од Кинотека на Македонија, Андреј Рубетској од Русија – режисер, аниматор, сликар и сценарист, Дорис Бауер од Австрија – ко-директор на филмскиот фестивал за краток филм Еспресофилм и главен куратор на меѓународната програма за фикција и документаристика при VIS Vienna Independent Shorts и Диме Ратајкоски – главен и одговорен уредник на МРТ и автор на повеќе од 50 документарни емисии,филмови и репортажи.
За Златната тула за најдобар филм за деца ќе гласаат дечињата во текот на трите фестивалски денови.
Наградите ќе бидат доделени на затворањето на фестивалот во сабота, 6ти декември. На последниот фестивалски ден гостинот од Русија, Андреј Рубетској ќе одржи работилница за деца на возраст од 8 до 13 години, под наслов „Трикови на анимирање“. Работилницата ќе се одржи во 13 часот во Кинотека на Македонија. Сите заинтересирани можат да пратат лични податоци на мејловите [email protected] и [email protected].Бројот на учесници е ограничен.
Новина на овогодишното издание на фестивалот е соработката со Европската филмска академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности – ЕСРА кој што ќе додели две стипендии од по 3.000 евра.Рокот за пријавување заврши на 4ти декември.
„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со здружението на граѓани Креативен центар Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и Град Скопје, а во соработка со Кинотека на Македонија.
Повеќе информации за фестивалот се објавени на веб страната www.animaxskopjefest.mk и на Facebook https://www.facebook.com/animaxskopjefest1.Симоне Маси, во четврток вечер го отвори четвртото издание на Меѓународен фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ што ќе се одр