Филмови за Роберт Плант- Лед Цепелин, и трибјут за Леонард Коен на Скопје Синема Сити- ЗагревањеДенес и утре во Кинотека на Македонија со почеток од 20 часот ќе се одржи Скопје Синема Сити – Загревање, на кој ќе биде прикажан избор на музички документарни филмови од второто издание на фестивалот Скопје Синема Сити кој се оддржа во октомври минатата година.
Денес на програмат ќе бидат прикажани филмовите „Роберт Плант: Јас самиот“ и „Леонард Коен: Јас сум тој“, додека утре посетителите ќе имаат можност да ги проследат филмовите „ПинкФлојд: А кој од вас е Пинк?“ и „Фактори Рекордс: Од Џој Дивижн до Хепи Мандејс“. На втората вечер ќе има и премиерно прикажување на краткиот филм за Љубојна, „Радио Љубојна“.
Скопје Синема Сити е фестивал за музички документарни филмови на којшто се прикажуваат бројни филмови од различни продукции, вклучувајќи ја и домашната, а Загревање како дел од Фестивалот, веќе традиционално во февруари ги репризира филмовите од претходното издание. Првиот Скопје Синема Сити се одржа во 2015 година со трибјут за Дејвид Боуви, а во рамките на второто издание во 2016 година се направи трибјут за Леонард Коен. Фестивалот е организиран во Кинотека на Македонија и во фокусот беше кантавторот Леонард Коен, со чијшто филм „Јас сум тој“ и беше отворена манифестацијата. Исто така, Фестивалот оствари соработка со британската телевизиска продукција Би-би-си, па беа прикажани повеќе нивни филмови.Денес и утре во Кинотека на Македонија со почеток од 20 часот ќе се одржи Скопје Синема Сити – Загревање, на кој ќе биде прикажан избор н