понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Филмска потера по невеста во Србија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Она што се случило во Свилајнац во Србија, дефинитивно го нема ни на филмско сценарио. Во селото имало филмска потера, а таа завршила кога се дознало дека снаата избегала од мажот кој ја малтретирал. Имено свекрвата, сопругот, деверот ја грабнале 26-годишната Невена која избегала од куќата каде сопругот ја малтретирал.
Семејството на сопругот тргнало по неа кога дознало дека друг и понудил брак и кров над главата, а била ангажирана и полицијата.
Невена од куќата каде седела била извлечена низ прозорец, а вели дека избегала бидејќи веќе не можела да ја поднесе тортурата, па морала да ги остави и своите деца од 5 години и 17 месеци.
Момчето кое ја примило Невена вели само сакало да помогне но нема ништо со неа, бидејќи си има девојка во Австралија.
Случајот е пријавен и во Центарот за социјална работа.Во селото имало филмска потера, а таа завршила кога се дознало дека снаата избегала од мажот кој ја малтретирал. Имено свекрвата, сопругот, деверот

Поврзани вести