Победничкиот филм на Загребскиот филмски фестивал и добитник на повеќе награди и меѓународни, вклучувајќи го Срцето на Сараево за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал.Мариус (Шербан Павле) е разведен маж во доцните 30-тина години, неговата пет годишна ќерка Софија (Софија Николаеску) живее со нејзината мајка. Тој доаѓа по својата ќерка за да ги помат заедно празниците, бидејќи само еднаш годишно има право на неа, но тогаш му кажуваат дека таа е болна. Мариус не им верува и инсистира девојчето да отиде со него. Целата ситуација веднаш потоа излегува од контрола, преплетена во мрежа на хумор, насилство, детски песни, полициски интервенции и љубовни изјави…
Режисерот на овој филм, Раду Јуде е роден во Букурешт во 1977 година. Дипломирал филмска режија на факултетот за медиуми, работел како асистент режисер на филмови како „Амин“ Коста Гаврас и „Смртта на господинот Лзареску“ Кристи Пиуи. На Загребскиот филмски фестивал 2009 година е прикажан неговиот наградуван филм „Најсреќната девојка на светот“ и „Сите во нашето семејство“, неговиот втор игран филм. Режирал и неколку реклами и кратки филмови, вклучувајќи го и најнаградуваниот романски филм „Цевка со капа“, каде освоил награда за краток филм на Филмскиот фестивал Sundance (Парк Сити, Јута) 2007 година.Мариус (Шербан Павле) е разведен маж во доцните 30-тина години, неговата пет годишна ќерка Софија (Софија Николаеску)