Финалистите во АБА лигата ќе играат Евролига

Финалистите во регионалната кошаркарска АБА лига, ќе изборат директен пласман во Евролигата за следната сезона, потврдил за весникот „Спортски журнал“, Божидар Маљковиќ по разговорот со Џорди Бертомеу.Истиот извор наведува дека третопласираната екипа на завршниот турнир во АБА лигата ќе избори место во квалификациите за Евролигата.Директорот на Евролигата, Бертомеу, на овој начин ги демантираше тврдењата дека само победникот во АБА лигата, во регуларниот дел од сезоната ќе игра во Евролигата и освојувачот на завршниот турнир.„АБА лигата е членка на Евролигата и мора да ги почитува нивните правила. Порано Турција и Франција беа исклучок, но Бертомеу реши да направи промена. Тој смета дека правилата на лигата мора да се почитуваат и во овој случај нема да отстапи“, дополнил Маљковиќ.Според трофејниот тренер Бартомеу во понеделник ќе разговара со челниците на АБА лигата и дека официјалното соопштение ќе биде објавено најдоцна до петок. 
МакфаксФиналистите во регионалната кошаркарска АБА лига, ќе изборат директен пласман во Евролигата за следната сезона, потврд

Пронајдете не на следниве мрежи: