Финансиите на жителите во земјите на ЕУ се контролирани од страна на САД

За да ги спречат своите граѓани со прометот преку странски тековни сметки да избегнуваат плаќање на даноци, поради што, наводно, губат околу 100 милијарди долари годишно, САД со многу земји во светот, како и со речиси цела Европска унија, потпишаа договор со кој ги контролираат финансиите на граѓаните во тие земји, пишува „Слободна Далмација“.Во текстот на новинарката Сања Стапиќ објаснето е дека се работи за закон ФАКТА (FACTA – Foreign Acount Tax Compliance Act), кој САД го донесоа пред пет години, и Хрватска сѐ уште е во преговори во врска со потпишувањето за негово спроведување, но дека американското Министерство за финансии го вброи во попис на земји што се во висок степен на усогласеност и смета дека договорот е склучен.
Секој што во банките ќе отвори каква било сметка, штедна, тековна или жиро-сметка, ќе побара картичка, ќе договори кај осигурително друштво полиса за животно осигурување, ќе уплаќа во инвестициски и доброволни пензиски фондови, во иднина ќе мора да докажува дали е или не е Американец, наведено е во текстот.
Тоа важи и за граѓани и за фирми, за идни, но и за сите стари клиенти со постојни сметки во банките, осигурителните компании, доброволни пензиски и инвестициски фондови на кои имаат некаков имот, ќе мора да дадат податоци што се бараат од нив и да потпишат изјава за својот даночен статус на САД.
Авторката на текстот понатаму објаснува дека банките на своите клиенти ќе поставуваат многу прашања во врска со нивната поврзаност со САД, но и нагласува дека со сите тие прашања длабоко навлегува во приватноста на клиентот и дека сите негови финансиски текови, без оглед на тоа дали имаат или немаат врска со САД, ги доставуваат на американските даночни органи.
Ако клиентите не даваат податоци, т.е. не потполнат формулари што ќе ги добијат на потпис, банката може да го одбие новиот клиент или да го раскине договорот со стар клиент.
Весникот ја наведе изјавата на неименуван финансиски експерт, кој се занимава со имплементација на FACTA прописите во хрватскиот финансиски систем, дека многу работи во сивата зона се нејасни, како и дека договорот се уште не е потпишан, па не се знае дали банките и останатите институции за клиентите кои ќе утврдат американски даночен статус, директно ќе ја известуваат американската даночна управа или податоците ќе ги праќаат на хрватските даночници, пишува „Република“.
– Во иднина, веднаш по влегување во банка ќе ве прашаат чиј сте државјанин. Банките веќе имаат многу работа околу новите документи и папирологијата, поради што некои веројатно ќе ги одбиваат клиентите кои не сакаат да им дадат податоци и изјави за својот статус на САД.
Се работи за меѓународни правила со кои на сите банки се наметнуваат строги критериуми, па нема да има место за банки што нема да сакаат да ги применуваат – рече соговорникот за „Слободна Далмација“.
Во текстот, исто така, се наведува дека редакцијата на весникот пред десет дена прати прашања до Даночната управа во Министерството за финансии за договорот и за сѐ што оди со него, кога и како ќе се разменуваат податоците, дали банките ќе наплатуваат данок на своите клиенти за американските даночни власти, поради што и граѓаните кои немаат никаква врска со САД им се вбројуваат во комплетниот годишен приход, па тие податоци им се даваат на потпис.
– Одговор не добивме. Договорот не е потпишан, па не е ни за објава, а се применува – наведено е во текстот и се нагласува дека во банките граѓаните веќе биле прашувани за место на раѓање, приходите и врските со САД.Во текстот на новинарката Сања Стапиќ објаснето е дека се работи за закон ФАКТА (FACTA – Foreign Acount Tax Compliance Act), кој САД го донес

Пронајдете не на следниве мрежи: