Финансиската полиција влезе во струмичката компанија Тритерол

Финансиската полиција влезе во струмичката компанија Тритерол. Се проверува документацијата поврзана со скандалот со превоз на ученици. По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека оваа фирма која е во сопственост на функционер на СДСМ добивала милионски тендери за превоз два пати поскап од оној во Битола, инспекторите ги проверуваат документите, јавува Сител.Пред два дена финансиската полиција заплени докемнтација и од општината Струмица. Вчера преку соопштение обелоденија дека проверките ги започнале по допрен глас и сомнение за местење на општинските тендери.
– Управата за финансиска полиција по допрен глас започна со обезбедување на целокупната документација за јавните набавки во општина Струмица за кои во јавноста веќе неколку дена се зборува дека се сомнителни и за кои постојат основи на сомневање дека се резултат на извршени кривични дела. Предмет на предистражната постапка се и повеќе правни субјекти кои имаат добиено тендери и имаат склучени договори со општина Струмица, се со цел да се утврди нивната евентуална инволвираност во местење на тендери и испумпување на буџетските пари на општината, соопшти финансиската полиција.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев побара од Јавното обвинителство да спроведе истрага за овој случај. Претходно бараа предметот да го води Специјалното обвинителство на КАтица Јанева кое отвори предмет за превозот во општина Битола нос е прогласи за ненадлежноз а ист случај во општината која ја предводи лидерот на СДСМ.
Општина Струмица во повеќе наврати тврдеше дека тендерите за компанијата Тритерол се законски и чисти.
Прилогот погледнете го во продолжениеПред два дена финансиската полиција заплени докемнтација и од општината Струмица. Вчера преку соопштение обелоденија дека проверките ги започнале п

Пронајдете не на следниве мрежи: