Наместо да се сконцентрираат на создавање разумна програма, најголемата опозициска партија СДСМ не престануваат да игра опасни игри и да смислува начини за дестабилизација.На целокупната македонска јавност и е совршено јасно дека зад организацијата на денешниот протест на таканаречените стечајци пред Владата стојат активисти и функционери на СДСМ, меѓу кои и Кире Наумов.
Згора над се, поддршка за наводните стечајци попладнево пристигнува и од ЛГБТИ мрежата, која дури и повикува “сите граѓани и граѓанки, активисти и активистки за човекови права да се приклучат кон борбата“.
-Мрежата за борба против хомофобија и трансфобија упатува апел до сите граѓански организации, сите граѓани и граѓанки, активисти и активистки за човекови права да се приклучат кон борбата, и заеднички да се солидаризираме со нашите сограѓани и сограѓанки во нивните протести и заеднички да го изразиме незадоволството предизвикано од континуираната егзистенцијална тортура, дехуманизација и експлоатација, се вели во соопштението од ЛГБТИ мрежата.
Ова фингирано сценарио со протести и пробивање на полициски кордони е веќе видено од страна на СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска посочија дека би сакале да ја предупредат опозицијата дека повторно си играат со трпението и нервите на народот, обидувајќи се во Македонија да се предизвика босанско сценарио.
Извор: kurir.mkНа целокупната македонска јавност и е совршено јасно дека зад организацијата на денешниот протест на таканаречените стечајци пред Владата стојат ак