Амбасадорот на Финска за Македонија, Перти Иконен одржа средба со македонските новинари по повод обележувањето на стогодишнината од независноста на Република Финска.Амбасадорот Иконен ги истакна вредностите врз кои е изградено финското општество, осврнувајќи се особено на еднаквоста и на традицијата на негувањето на демократијата во својата земја. Финска е првата земја во светот која на жените и мажите им овозможила еднакви политички права, уште во 1906 година. Токму слоганот „Заедно“ е мото на програмата со која се обележува стогодишнината од независноста.
„Со обележувањето на јубилејот и во земјите од регионот, сакаме јавноста да ја запознаеме со финската култура, вредностите и општествениот живот на земјата, но и со успешната соработка која постои меѓу нордиските земји, што може да му послужи како пример токму на Балканот“, рече амбасадорот Иконен, истакнувајќи дека „Финска е конструктивен пријател на Македонија и е секогаш подготвена да ги споделува своите позитивни искуства во правец на постигнување на развојните цели“.
На средбата присуствуваше и почесниот конзул на Финска во Македонија Светозар Jаневски, кој говореше за потребата од понатамошен развој на економските односи меѓу двете земји и ги истакна позитивните перспективи што би можеле да се отворат доколку Македонија ги користи искуствата на организирани општества какво што е финското.
Програмата за обележување на стогодишниот јубилеј на финската независност предвидува над 2000 настани во целиот свет, вклучувајќи го и регионот. Во Скопје се планира одржување концерт на финска музика во текот на ноември годинава.
Денот на независноста на Република Финска е 6 декември.Амбасадорот Иконен ги истакна вредностите врз кои е изградено финското опште