Вчера најавивме дека ќе објавиме серија текстови со кои на пошироката јавност ќе и презентираме како преку извршителите (над 80.000 блокирани граѓани во моментов) се уништуваат граѓаните но и фирмите. Ние поседуваме докази за тоа како се организира и спроведува незаконско работење и нанесува штета која што никој не ја констатира или гони. Во текстот од вчера ви понудивме увертира за тоа што ќе го објавиме во серија на написи за тоа како организирани мафијашки структури ја уништуваат економијата и граѓаните. Повикавме надлежните органи врз основа на допрен глас да не повикаат да ги информираме за се што се случува во детали и да им ги предадеме документите за конечно некој да почне да го спроведува законот. Во меѓувреме додека да профункционира државата ние тука ќе објавиме се, од имиња на извршители до апелациски судии кои судат спротивно на закон и право. Македонската јавност има право да знае.
Во летото 2016 година оштетената фирма (позната на редакцијата, поседуваме документи!) добива неоснована фактура од фирмата МАКСИТИ Дооел, со седиште на Ул. Новопроектирана ББ. Бидејќи истата е неоснована по препорачана пошта (за поштата и манипулациите со истата ќе имаме посебен текст) истата е вратена назад (го поседуваме писмото). На адресата од која што е пратена фактурата. И со тоа оштетената фирма смета дека ја расчистила дилемата односно фактурата не е книжена. Не е книжена оти нема никаква основа да се книжи. Писмото никогаш не завршува за улица Новопроектирана затоа што фирмата која што го праќа од таа адреса не прима пошта на истата адреса. Поштарот запишува на препорачаното писмо дека фирмата е преселена. Но ако само се провери во Централен регистар се гледа дека до ден денешен фирмата се нема преселено, односно адресата е иста (по втор пат нагласуваме дека околу малверзациите со писмата ќе имаме посебен текст, за да деконспирираме улога на еден извршител).
Во меѓувреме МАКСИТИ Дооел си издало и уште една фактура. Сосема непозната за оштетената фирма. Тие две фактури, фалсификувани фактури, без основ фактури се предадени на нотар (името познато на редакцијата). Нотарот издава решение дека фактурите може да се наплатат и оштетената фирма ја пријавува во УЈП (според закон за финансиска дисциплина). Така оштетената фирма дознава дека постојат фактури кои се веќе на извршување кај ИЗВРШИТЕЛ близок до владејачката гарнитура, порано вработен во една наша амбадаса, а приведуван заради сомневање дека перел пари при издавање на визи (се работи за поголема сума на при најдени кај него при претрес).
УЈП е повикана во оштетената фирма и е барано да се изврши увид, оти оштетената фирма има чисти биланси по сите прашања. Барано е од државата да реагира. Оштетената фирма оди чекор понатака и пријавува во ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА. При што е извршен увид од оваа институција и утврдено е дека МАКСИТИ Дооел не книжела една од фактурите што ги дала на извршување што е АПСУРД но како што ќе видите можен во Македонија. Значи на извршување на сомнителен извршител е дадена фактура која не е книжена и не постои во евиденцијата на оштетената фирма, но истовремено не постои ниту кај фирмата која што ја дала на извршување. За втората фактура на Финансиската полиција се приложени фотографии а не договор и нарачка за услуги. За градежна книга да ни зборуваме…
Оштетената фирма понатака поднесува кривична пријата во ОЈО. А обвинителството од Финансиската полиција добива на увид извештај кој потврдува дека едната од фактурите е фалсификат. И замислете обвинителството ја отфрла пријавата. ЈА ОТФРЛА ПРИЈАТА ЗА ЛАЖНА ФАКТУРА СО КОЈА СЕ БЛОКИРА И УНИШТУВА ДРУГА ФИРМА. Не им било во надлежност…
Но тоа не е се. Во наредниот текст утре ќе читате како случајот продолжува понатака низ судските лавиринти. Се надеваме дека ова ќе го чита некој од СУДСКИОТ СОВЕТ, шефот на ОЈО, и другите надлежни институции и дека ќе се заинтересираат за правдата да се истера.
****
Имате случај на изнуда, рекетарство и незаконско малтретирање од корумпирани извршители поврзнани со администрација, пишете ни на службениот маил. Ќе објавиме.
****
Не пропуштајте да го прочитате и вчерашниот текст кој ви е понуден во линк.Во текстот од вчера ви понудивме увертира за тоа што ќе го објавиме во серија на написи за тоа како организирани мафиј