Штипскиот прволигаш ФК Брегалница од 27 јуни ќе ги започне подготовките за претстојната нова 2016/2017 сезона во првата македонска фудбалска лига. Сениорите на ФК Брегалница за почеток ќе минат една недела во хотелот Гогов во Пехчево каде ќе одржат интензивни кондициони тренинзи. Шефот на стручниот штаб, Игор Стојанов за таму на располагање ќе ги има сите фудбалери што го продолжија својот договор со прволигашот, а во тимот ќе се приклучат и новите засилувања што за време на овој летен трансфер период преминаа во ФК Брегалница.„Оваа година нашиот клуб влегува со поголема амбиција од претходната сезона, а тоа е да се обезбеди место за учество во квалификациите за елитните европски натпреварувања. Во клубот владее позитивна атмосфера, а Игор Стојанов на располагање ќе ги има сите играчи. Преку овие планирани подготовки веруваме дека тимот ќе ги достигне неговите очекувања и ќе ја задоволи нашата амбиција,“ истакна Митка Митев, претседателот на ФК Брегалница.
Овие предсезонски подготовки и тренинзи ќе бидат од голема полза за фудбалерите на ФК Брегалница земајќи ги предвид местоположбата и условите што ги нуди хотел Гогов во Пехчево.
„Без сомнение ќе имаме квалитетни подготовки бидејќи знаеме и сме свесни што нуди хотелот Гогов во Пехчево. Хотелот со услови на фитнес и спа-центар ги задоволува замислените потреби за одржување на професионални клупски подготовки. Плус придобивка за играчите е местоположбата каде се наоѓа хотелот, опкружен со природни убавини, чист воздух и идеална клима за тренирање“, додаде Игор Стојанов, шеф на стручниот штаб на ФК Брегалница.
Според планот на клубот, фудбалерите на два пати ќе го посетат хотел Гогов за време на летните подготовки пред новата сезона. По завршувањето на кондиционите тренинзи таму, тие се враќаат на тренинг во Штип се до 18ти јули, за потоа уште еднаш да заминат во Пехчево на дополнителни десетдневни финални подготовки. За време на нивниот престој во хотел Гогов, ФК Брегалница ќе одигра неколку контролни, пријателски натпревари со екипи од домашното првенство, како и со неколку клубови од соседна Република Бугарија. По завршувањето на предвидените припреми и официјално ќе може да се знае конечниот состав на ФК Брегалница за учество во првата македонска фудбалска лига што започнува на 7ми август, оваа година.
ФК Брегалница е акционерско друштво во целосна сопственост на општина Штип каде локалната самоуправа преку финансирање несебично вложува во унапредување на македонскиот спорт.„Оваа година нашиот клуб влегува со поголема амбиција од претходната сезона, а тоа е да се обезбеди место за учество во квалификациите за ели