Фудбалскиот клуб Пелистер испрати соопштение преку кое укажува дека дел од навивачите на битолскиот тим со своите постапки му наштетуваат на клубот и ги бркаат спонзорите.„-По подолг период на лични дисквалификации, навреди и закани од страна на одредена група на навивачи, принудени сме да реагираме и да ја информираме спортската јавност во Битола и пошироко.
Со превземањето на сопственоста на ФК ПЕЛИСТЕР од страна на Цермат доо, се пристапи кон организациско и спортско консолидирање на фудбалскиот клуб на кое што поле се постигнаа одередени резултати. Со оглед на наследената состојба внатре во клубот, како и во неговата непосредна околина, а кусиот временски период, резултатите потфрлија на спортскиот план, иако на организациски план беа преземени сите неопходни мерки околу спортските припреми, финансиска консолидација и стабилизирање на финансиите, преку редовна исплата на обврските према вработените, добавувачите и државните органи.
Во периодот од превземањето, па се до денес, во континуитет се присутни навреди, закани и дисквалификации кон членовите на Управниот одбор на ФК ПЕЛИСТЕР, сопственикот на Цермат доо и актуелниот градоначалник на Општина Битола. Во последно време се случува и атак врз материјални добра кои се во сопственост на Цермат доо, преку нивно оштетување.
За ваквите постапки немаме рационално прифатливо објаснување, од проста причина што желбата на сопственикот и градоначалникот е преку Управата на клубот да направи респектабилен и стабилен фудбалски клуб. И во спортот, како и во секоја сфера, се случуваат и спортски неуспеси.
За жал, ваквите постапки веќе ги одвратија идните потенцијални сериозни спонзори на клубот и на спортот во Битола воопшто, со кои веќе беа постигнати начелни договори, а со ваквите тенденции, во прашање веќе е доведено и понатамошното учество на главниот спонзор“, се вели во соопштението.„-По подолг период на лични дисквалификации, навреди и закани од страна на одредена група на навивачи, принудени сме да реагираме и да ја инф