Џорџ Сорос го привлече вниманието на Американскиот конгрес со неговото мешање во внатрешните политики на европсkите држави. Американскиот законодавен дом започна да поставува прашања, дали Сорос користел државни пари, за да ги финансира своите проекти во Македонија, објавува најгледаната телевизија во САД, Fox News.Републиканецот Кристофер Смит, заедно со уште неколку претставници на законодавниот дом испрати писмо до амбасадорот во Македонија Џес Бејли, кој беше поставен од Обама, во кое се бараат директни одговори. Сенаторот Мајк Ли исто така изрази загриженост за парите од УСАИД кои одат во соросовата фондација „Отворено општество“ и кои се се користат во поинакви цели од тие за кои се наменети.
-Имам добиено веродостојни извештаи, кои покажуваат дека во изминатите неколку години американската амбасада и Сорос активно се имаат мешано во внатрешната политика на Македонија, нејзините медиуми како и граѓанското општество, често фаворизирајќи една политичка партија на сметка на друга, пишува Ли во неговото писмо упатено до Стејт Департментот, пренесува Fox News.
Fox News ја пренесува и изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој истакна дека Сорос има одлучувачко влијание во внатрешните политики на Македонија.
-Македонија е мала, конзервативна земја, со данок само од 10%. Нејзината филозофија е мала, но ефикасна влада, на чие чело се наоѓа козервативната партија ВМРО-ДПМНЕ, која топло го поздрави изборот на Трамп со надеж за подобра соработка со него, пишува Fox News.
Кабинетот на Сенаторот Мајк Ли неодамна се сретна со преставници на македонскиот парламент, кои му предадоа писмо од граѓанска иницијатива наречена „Стоп Операција Сорос“, во кое се наведува дека со американски пари се финансирани левичарските партии во Македонија, кои предизвикаа нереди и протести на улиците низ главниот град.
Во своето писмо, сенаторот Ли прашува дали мисијата на Америка во Македонија ја има селектирано фондацијата „Отворено општество“ како најголем имплементар на проектите на УСАИД во Македонија и дали таа група има политички интереси во Македонија.
Помеѓу 2012 и 2016 година, УСАИД даде скоро 5 милиони долари на Фондацијата „Отворено општество“, со кои се тренираа стотици млади Македонци за млад активизам и користењето на новите медиумски инструменти.
Во врска со Сорос и начинот на кој тој ги користи парите од УСАИД, републикаскиот конгресмен Смит изјави “едно е да бидеш набљудувач на избори, која е многу чесна и одговорна функција, да бидеме сигурни дека ке се одржат слободни и фер избори, но сосема е спротивно да се подржуваат некои партии, кои Сорос и неговата екипа сакаат да ги видат на власт во таа земја“.
Fox News пишива и дека влијанието на Сорос не е само во Европа, либералниот бизнисмен исто така врши притисоци и организира демострации и протести и внатре во Америка. Загриженост за влијанието на Сорос неодамна изјави и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ја обвини неговата империја за финансирање на конфликтите ширум Европа.Републиканецот Кристофер Смит, заедно со уште неколку претставници на законодавниот дом испрати писмо до амбасадорот во Македонија Џес Бејли, кој б