„Фокус“ и Оливер Спасовски фатени живи во лага

На очиглед на целокупната јавност излегоа манипулациите на опозицискиот неделник „Фокус“ и техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Фалсификуваните лични карти за кои пишуваше „Фокус“, а кои Спасовски неосновано ги поврза со изборите, не биле употребени за гласање на претходните избори, со што паѓаат во вода манипулациите на опозицијата.Врз основа на наредба на Јавното обвинителство, како што објавија вчера дел од медиумите, била обезбедена писмена и електронска документација од Државната изборна комисија. Од увидот во електронската документација било утврдено е дека ниту една од 105 фалсификувани лични карти кои неделникот „Фокус“ ги предал на МВР не била употребена за гласање.
Ова денеска го потврди и заменик-министерот за внатрешни работи Митко Чавков, кој изјави дека стручни лица од организиран криминал по барање на јавното обвинителство работеле на овој случај, спроведоа проверки, истрага и на крај констатирале дека личните карти не се користени во изборни цели.
-Ние во МВР имаме професионални структури кои ефикасно спроведуваат истраги. Начинот како беше отворен случајот, преку медиуми, пишувања, изјави од Министерот, сето тоа беше со намера да се прејудицира дека лични карти биле искористени за изборни цели. Сепак, се покажа дека тоа е само за дневно политички цели, да се стекне впечаток дека ете тоа се дел од изборни нерегуларности кои наназад се најавуваа. Колегите од организиран криминал по барање на јавното обвинителство работеа на овој случај, спроведоа проверки, истрага и на крај констатираа дека личните карти не се користени во изборни цели и дека податоците за тие лица кои се од личните карти не биле на избирачки список,тоа е потврдено и од ДИК и од увидот компјутерски, со што се негира целата таа теза. Практично тоа беше прејудицирање, рече Чавков.
 
Тој нагласи дека остануваат две прашања кои бараат одговор, зошто е направено тоа и кој го направил тоа. Рече дека е сигуре оти професионалните структури во МВР ќе одговорат и на овие прашања, потребно е само трпение.
Според манипулативните тврдења на „Фокус“, ова биле само мал дел од наводно 30.000 фалисификувани лични карти кои биле злоупотребени за изборите. Покрај „Фокус“, кон ваквите манипулации се приклучи и техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој неосновано ги поврза фалсификуваните лични карти со претходните избори.
-Првото мое сознание беше на добивање информации од терен уште минатата година во текот на изборниот процес, дека можно е да се случуваат одредени работи кои се нелегални во делот на одредени документи, меѓутоа тоа беше да речам сознание или шпекулација во јавноста која што дојде и до мене и до партијата, а за која што немаше доказ опиплив кој што може да биде понуден. Следното мое сознание беше од проектот „Вистината за Македонија“  и вие тоа го слушнавте дека има разговори во кои што се укажува на правење на одредени лични карти за одредени општини во Македонија, што исто така индицираше дека е можно да се злоупотребува овој систем, да има некаков проблем во делот на издавање на лични карти или да има двојни лични карти, кои се злоупотребуваат за било какви цели- дали се тоа изборни или некакви други. Точно е дека во моментот има сознание, неделникот „Фокус“ за можна злоупотреба или фалсификување на личните карти, изјави Спасовски во интервју за 24 Вести.
После ова, станува јасно дека изборите немаат никаква дамка, а опозицискиот неделник и техничкиот министер неосновано се обидоа да манипулираат со јавноста, манипулација која им се врати како бумеранг. Наместо со работа, СДСМ повторно се обидува со деструкција и фабрикувани афери да се дограби до власта, начин кој изминативе години жестоко беше казнуван од народот на избори.Врз основа на наредба на Јавното обвинителство, како што објавија вчера дел од медиумите, била обезбедена писмена и електронска документација од Др

Пронајдете не на следниве мрежи: