Пред една недела, извршниот директор на Volkswagen Group, Мајкл Хорн, на презентацијата на новиот Passat и концептниот Beetle Dune во САД, изјави дека компанијата е во близина за изнаоѓање на решение за автомобилите погодени од скандалот со манипулациите на нивото на штетни емисии кој го погоди германскиот автомобилски гигант.Скандалот со Volkswagen и тоа дека нивните дизел автомобили „ги измамија“ сензорите за проверка на јаглеродни емисии го потресе целиот свет.
Сега Германците се обидуваат да ја вратат довербата кај потрошувачите со нудење попусти и подароци при купување на нов автомобил.
Токму затоа, компанијата преку видео одлучи да покаже како ќе се средат проблемите при 1,6 и 2-литарските EA 189 мотори.
Според видеото, работата ќе потрае не повеќе од еден час на автомобилиот и се состои во поставување на воздушна цевка која правилно ќе го регулира струењето. На овој начин, нивото на емисии треба да се стабилизира.
Освен тоа, треба да се направи и ажурирање на софтверот на патниот компјутер. Погодените автомобили од овој проблем изнесува над 8,9 милиони само во Германија.
Не се знае колку точно време ќе потрае сите тие да преминат во работилниците на компанијата, но решението веќе е тука.Скандалот со Volkswagen и тоа дека нивните дизел автомобили „ги измамија“ сензорите за проверка на јаглеродни емисии го потресе целиот