Фондацијата на Џорџ Сорос непожелна во Русија!

Руското државно  обвинителство утврди дека Фондот на Отворено друштво Џорџ Сорос и Фондацијата ОСИ „не се пожелни во Русија“, бидејќи како што се оценува, претставуваат „закана по уставниот поредок на Русија“.Портпаролката на обвинителството Марина Гридњева изјави дека одлуката била донесена на барање на Советот на Федерацијата за исклучување на овие организации во „патриотска стоп- листа“, односно листа на непосакувани  НВО. Гридњева потсети дека „стоп- листата ја утврдил Советот на Федерацијата на 8 јули оваа година.
„Утврдуваме дека работата на фондот Отворено друштво на Фондацијата ОСИ претставуваат закана по уставниот поредок на Русија и безбедноста на државата“, наведува Гридњева, додавајќи дека одлуката била испратена до Министерството за правда за тие две организации да бидат вклучени на списокот непосакувани странски и  меѓународни невладини организации.
Горниот Дом на рускиот парламент, Советот на федерацијата, на 8 јули објави список со 12 странски невладини организации, повеќето американски, кои можат да бидат прогласени за непосакувани во Русија.
Тој  список бил упатен на проверка во Државното обвинителство, Министерството за надворешни работи и Министерството за правда. Доколку тие органи, чии претставници учествувале во подготовката на списокот, утврдат дека спорните НВО работеле во спротивност на руските закони, нивната работа во земјата ќе биде забранет.
Во така наречениот патриотски стоп- список кој Советот на федерацијата го изготвил во соработка со надлежните министерства влегле Отвореното друштво на Џорџ Сорос, Навионалниот фонд за демократија, Меѓународниот републикански институт, Националниот демократски институт за меѓународни прашања, Фондот Макартуров, Фридом Хаус, Фондот на Чарлс Стјуарт Мот, Фондот „Образование за демократија“.
На листата организации за кои Советот на федерации се тврди  дека нивната работа се состои во влијание на политичката ситуација во Русија, Украинскиот  светски координациски совет, Кримската мисија за човекови права.
Се наведува дека тие НВО се финансираат од  буџетите на странски држави, што дава основа да се зборува за „мека агресија“ против Русија и нејзиниот народ.
Во  барањето се наведува дека на списокот се наоѓаат  низа организации „познати  по  антирурски ангажмани“ и  се предлага да се прогласат за непосакувани  на територијата на Русија.
Претходно, во јуни оваа година стапи на сила закон со кој  странските НВО можат да се прогласат за непожелни н атериторијата на Русија.
Руското обвинителство и претходно ја забрануваше работата на американскиот Макартур фонд.Портпаролката на обвинителството Марина Гридњева изјави дека одлуката била донесена на барање на Советот на Федерацијата за исклучување на овие орг

Пронајдете не на следниве мрежи: