Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и годинава традиционално доделува 39 нови стипендии. Од нив 18 за студенти на фармацевтскиот факултет и 21 за студенти на Медицинскиот факултет.Стипендијата изнесува 6500 денари во текот на 12 месеци.
Еднократна парична награда од 1200 евра беше доделена на првенците на генерациите на овие два факултети Александра Зафировска и Душко Шалабалија од Фармацевтскиот факултет, со просек од 9,75. Оваа награда ја доби и Невенка Ридова од Медицинскиот факултет со просек 9,76.
Живко Мукаетов потенцира дека Фондацијата досега има стипендирано вкупни 418 студенти по фармација и медицина, вклучувајќи ги и новите 39. Од нив, 159 студенти по фармација и 129 по медицина веќе се дипломирани. Од 2009-та година до денес, својата кариера во „Алкалоид“ во одделите на сегментот фармација ја започнале 63 од стипендираните студенти на Фондацијата.
– Тоа за мене претставува една посебна гордост, затоа што тоа е еден континуитет од помагање на нивното студирање, па до денешен нивен придонес во работењето на компанијата. За мене е многу важно што ние потврдуваме дека сме компанија која е општествено одговорна, се грижи за развојот на општеството, се труди да биде една додадена вредност и да помогне секаде онаму каде што може, додаде Мукаетов.
Досегашните проекти претставуваат доказ за остварување на заложбите на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ за поддршка на фармацијата, медицината и науката, пред се преку поддржување на млади, амбициозни кадри кои својата кариера ја посветиле на овие дејности.
Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, Никола Јанкуловски истакна дека наградувањето секогаш претставува еден важен стимул за оние кои го добиваат и има влијание врз квалитетот на едукацијата, која претставува многу важен чекор во образованието на студентите.
– Оваа програма за доделување стипендии на Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет е една значајна хумана мисија која многу придонесува за развојот на здравствениот систем во Република Македонија. Секогаш добро едуцираните и стручни кадри од областа на медицината и фармацијата претставуваат една непроценлива вредност и значење за развојот на здравствениот систем, додаде Јанкуловски.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ е основана со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид АД“ Скопје. Фондацијата, чиј основач е самата компанија, има за цел стипендирање, донирање и финансирање на талентирани доктори и фармацевти, како и финансиска поддршка на проекти од овие две области.
Стипендијата изнесува 6500 денари во текот на 12 месеци.
Еднократна парична награда од 120
Пронајдете не на следниве мрежи: