Форца ја продолжува традицијата, „Месецот на Спортот“ слави 10 години

Месецот на спортот организиран од Спортскиот центар Форца, започна на 5ти јуни и ќе трае се до крај на месецот. Оваа година Спортскиот центар Форца традиционално ги организира јубилејните 10ти по ред спортски игри во кои учество ќе земат преку 700 учесници во различни спортски дисциплини. Месецот на спортот ќе го подржат најголемите банки, водечките телекомуникациски оператори и голем број други компании од Македонија.  Натпреварите во фудбал, баскет, пинг понг и одбојка ќе се одржат во Спортскиот центар Форца, додека натпреварите во пливање, куглање и картинг ќе се одржат во Vip One арената.„Традицијата продолжува, како претходните девет години, така и оваа, и по десетти пат го организираме месецот на спортот. Чест и задоволство ни е што на јубилејните рекреативни спортски натпревари организирани од Спортскиот центар Форца, учество земаа голем број компании од Македонија со над 700 учесници. Натпреварите ќе се одржат во седум спортски дисциплини, а за најдобрата, победничка екипа наградата е викенд во Грција, за второ место викенд во Бугарија и трето место подарок спортска опрема. Месецот на спортот го организираме со цел да го промовираме спортскиот дух, но во исто време да овозможиме дружење и забава“, изјави Делевски Димитар од Спортскиот центар Форца.
Месецот на спортот организиран од Спортскиот центар Форца има за цел да го поттикне рекреативното спортување и дружење меѓу вработените од компаниите во Македонија. Бидете дел од месецот на спортот и како најверни навивачи на вашите колеги во Спортскиот центар Форца и Vip One арената, кои ќе имаат можност да освојат некоја од вредните награди од наградниот фонд за оваа година.
Повеќе информации за месецот на спортот организиран од Спортскиот центар Форца може да се најдат на следниот линк: www.mesecnasportot.com„Традицијата продолжува, како претходните девет години, така и оваа, и по десетти пат го организираме месецот на спортот. Чес

Пронајдете не на следниве мрежи: