Ford B-MAX е изгласан за “AUTOBEST 2013” на 12. по ред гала случување на реномираните AUTOBEST награди, што се одржа на 4ти февруари во Атина, Грција. Ford B-MAX е изгласан за “AUTOBEST 2013” со 830 поени, оставајќи ги зад себе Skoda Rapid – на второто место со 736 поени и Peugeot 301 на третото со 662 поени. “Паметам кога Ford B-Max беше само идеа, која како и сите други идеи можеше да стане реалност или да остане само идеа. Морам да нагласам дека B MAX има одличен фабрички квалитет, кој пак се верификување со добивањето на наградата AUTOBEST 2013“, изјави на церемонијата, Џон Флеминг извршен потпретседател на Ford Motor Company. “B-MAX е брилијантно, интелигентно ново возило. Тоа е одраз на новиот бран на производи кои Ford ги лансира во Европа, не со еден туку со два централни столба вградени во вратите! Квалитетот е импресивен и со 1.0 l Ecoboost мотор – AUTOBEST е првиот настан со интернационално жири кој го награди овој неверојатен мотор, со што го комплетираше портретот на ова извонредно возило. Со B-Max-от им покажавме на европските купувачи дека најдоброто возило на пазарот е навистина кул!“, изјави Илиа Селиктар, претседател на AUTOBEST.
МакфаксFord B-MAX е изгласан за “AUTOBEST 2013” на 12. по ред гала случување на реномираните AUTOBEST награди, што се одржа на 4ти февруари во