Од земјоделските институции се формирани 15-тина тимови кои работат на терен на увид и попишување на штетите во земјоделството во две категории- сточен фонд и земјоделски површини.Според информациите од надлежните, во делот на сточен фонд досега се констатирани околу 110 угинати грла крупен добиток и околу 1.000 угинати единици живина и птици.
Во делот на земјоделски површини, заклучно со вчера до комисиите се доставени 182 поднесоци за оштета за различни земјоделски култури.
Граѓаните да бидат спокојни бидејќи сите земјоделски површини без разлика дали се евидентирани во регистарот или не ќе бидат обесштетени. Имајќи го искуството со поплавите што беа во 2015 година во битолскиот регион, ние направивме измени на законот со кој се овозможува да бидат обесштетени сите земјоделски површини. Комисиите за процена се на терен и работат со полн капацитет. За околу дваесет дена оваа работа треба да биде завршена – изјави вчера министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.Според информациите од надлежните, во делот на сточен фонд досега се констатирани околу 110 угинати грла крупен добиток и околу 1.000 угинати едини