Oдлуката за формирање на нова Анкетна комисија која што ќе се занимава со расчистување на скандалот за фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи беше донесена и изгласана на денешната собраниска седница.По претходно упатено барање на Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, новата Анкетна комисија да биде ставена на дневен ред на 86-тата пленарна седница, пратениците позитивно се изјаснија и ја донесоа одлуката за формирање на нова Анкетна комијата која ќе го расчистува скандалот со фалсификвуање на лични карти, пасоши, афери и други документи.
Освен опозициската СДСМ која што гласаше против формирање на новата Анкетна комисија, сите останати пратенички групи сметаа дека формирањето на ваква комисија е повеќе од неопхдно за да се расчисти и разреши овој голем скандал, со единствена цел во Република Македонија да се одржат чисти избори на 24 април 2016 година.
-Имаме обврска по член 17, член 18 и член 25 од Уставот на Република Македонија да им гарантираме на граѓаните слобода и тајност на писмата и другите видови на облици на општење, да им гарантираме тајност на личните податоци, но и да им гарантираме почитување и заштита на приватноста на личниот и семеен живот. Предлагам оваа точка да биде ставена денеска на дневен ред за да се донесе одлуката за формирање на оваа Анкетна комисија. Дополнително, би сакал да потенцирам дека оваа Анектна комисија ќе има обврска да обезбеди чисти услови за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април 2016 година“, истакна Илија Димовски на денешната 86-та пленарна седница.
Новоформираната Анкетна комисија ќе се занимава со расчистување на скандалот за фабриката во кои беа пронајдени над 120 илјади украдени идентитети на граѓани, над 70 илјади прислушкувани разговори, како и фалсификувани пасоши како од Република Македонија, така и од Република Бугарија и од Република Турција.
Дополнително, огромната важност од формирање на ваква Анкетна комисија е тоа да се расчисти поврзаноста и вмешаноста на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев со групата на лица која се осомничени за оваа афера.По претходно упатено барање на Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, новата Анкетна комисија да биде ставена на дневен