Фото: 10 изненадувачки причини зошто ПЕШАЧЕЊЕТО ќе ви го подобри ЗДРАВЈЕТО?

Уште од детството не учат дека вежбањето е многу важно за нашето здравје и дека треба да се фокусираме на него. Ова е прилично очигледно, но за оние кои не сакаат да се потат во теретана или немаат време и пари, а сакаат да водат сметка за своето здравје, препорачуваме шетање. Можеби ви делува премногу едноставно, но докажано е дека тоа има многубројни позитивни влијанија на телото.Погледнете ги овие 10 причини поради кои секојдневно би требало д апешачите 30 – 45 минути.
1. Го смалува ризикот од Алцхајмерова болест

Верувале или не, пешачењето може да влијае и на вашето целокупно ментално здравје. Студиите покажуваат дека тоа го смалува ризикот од Алцхајмерова болест, па така мажите помеѓу 71 и 93 години кои оделе нешто помалку од половина километар, го преполвиле ризикот од оваа болест.
2. Ги изградува мускулите

Фактот дека вежбањето ги гради мускулите е очигледно, но исто тоа се однесува и на пешачењето. Тоа ги ускладува мускулите на нозете,задникот и стомакот. Ако обрнете внимание на ставот/држењето, можете да ги усогласите стомачните мускули и струкот.
3. Го подобрува здравјето на срцето и го намалува притисокот

Секој кој има сериозни проблеми со срцето треба да посети лекар. Но. шетањето може да биде од голема помош во намалувањето на притисокот и срцевите проблеми, па поради овие добрини препорачуваме секој ден да практикувате шетање.
4. Го унапредува здравјето на дебелото црево

Редовната кратка прошетка, од само 10-15 минути дневно, може да му помогне на целиот дигестивен систем оптимално да функционира.
5. Го поправа расположението

Ако сте нерасположени, прошетајте се низ маало. Пешачењето 30-45 минути дневно го поправа расположението и ги отстранува депресивните чувства. 

6. Спречува глауком

Умерените активности, како што се џогирање или одење, три или повеќе пати неделно, може да го намали притисокот во окото.
7. Ја контролира тежината

Добро е да се знае дека за одржување на тежината не се неопходни губење часови во кардио вежби. Истражувањата покажуваат дека жените кои јадат регуларни порции храна и при тоа се шетаат еден час дневно немаат проблем со одржување на тежината.
8. Пешачењето им дава сила на коските

Прошетката ги поддржува коските и може да спречи остеопороза. Истражувањата покажуваат дека 30 минути одење ја намалува кај постарите жени можноста за фрактури на колкот за 40%.
9. Го намалува ризикот за дијабетес

Американски експерти тврдат дека шетањето од 20 – 30 минути може да го намали нивото на шеќер во крвта за наредните 24 часа.
10. Го подобрува здравјето на белите дробови

Иако не не изненадува фактот дека пешачењето е добро за дишењето, би ве изненадило колку е добро и за целокупното здравје на белите дробови. Погледнете ги овие 10 причини поради кои секојдневно би требало д апешачите 30 – 45 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи: