Веројатно ќе се согласите со нас дека на Балканот има преубави долги плажи и пристапно крајбрежје. Покрај бројните езера, тука се и Јадранското, Средоземното, Јонското, Егејското и Црното море на кои може да уживате и да се опуштите во текот на целиот летен период.
Еве кои се сметаат за најубави плажи на Балканот:
1. На прво место ќе го спомнеме нашето Охридско езеро. Доколку сакате да бидете едно со природата, ова е местото кое го одбираат голем број на странски туристи. Се смета за едно од најчистите места, а привлечна за туристите е и Галичица која е под заштита на УНЕСКО.
2. Едно од најдобрите места за оние кои сакаат да уживаат на најчистата и најприродната плажа на Црното море е плажата Кара Дере, Бугарија. Во овој недопрен рај нема да најдете ништо повеќе од мек песок, преубава природа и заливи со слатка вода.
3. Доколку не поднесувате гужва, ова е најдоброто место за вас – Бајова Кула, Црна Гора (Которска ривиера). Слободно можете да заборавете на палмите, овде сте окружени со планини. Уживајте во приватноста на песочната плажа, а од околината и архитектурата ќе бидете воодушевени.
4.Најдобра дестинација за парови кои се во потрага по романтична изолација е дефинитивно Корчула, Хрватска. Таа е опкружена со многу островчиња и преубави карпести плажи кои се чисти и убави.
5. Пелионскиот полуостров, Грција. Оние кои се вистински љубители на сонцето од Атина, попрво би го одбрале полуостровот пред популарните грчки острови. Овде нема бука, гужва и галама. Скриени заливи и диви овошки, природа, убавина, сонце и море.
Имате ли вие омилено место на Балканот?Веројатно ќе се согласите со нас дека на Балканот има преубави долги плажи и пристапно крајбрежје. Покрај бројните езе
Пронајдете не на следниве мрежи: