Триесет и осум годишна Албанка, вчера со нож до смрт си ги избодела трите малолетни ќерки 13.годишната Симона, 10.годишната Кеси и 3.годишната Сидни.Ги убив за да ги спасам од очајничкиот живот што ги очекуваше во иднина, им рекла Едлира Добруши на карабињерите кога дошле во нивниот стан во периферијата на градчето Лечо.
Полицијата била известена од роднини на семејството Добруши, кои ги слушнале очајничките повици на девојчињата за спас од разгневената мајка.
-Кога полицијата стигнала во малиот стан каде живеела разведената жена, карабињерите се сочиле со сцена од хорор филм, зашто се било прекриено со крв. Откако ги убила девојчињата едно до друго ги легнала на кревет а таа со рана на раката и вратот во состојба на шок била легната пред влезната врата на станот, јави дописникот на МИА од Тирана, повикувајќи се на албанските медиуми.
Таткото на девојчињата, Башким Добруши, завчера тргнал за Албанија а за трагедијата го известила албанската полиција веднаш по симнувањето од траектот во Драч.
Сопружниците формално биле разведени во септември лани, додека официјално минатиот месец.
Башким Добруши петнаесет години живеел во Италија и работел во претпријатие за метали, каде на колегите им кажувал дека се разведува од жената поради кризите на депресија кои во последно време се појавувале кај неа.
Во Албанија, односно во едно село од околината на Кукс, дошол со намера да ја посети мајка си и да и ги објасни причините за разводот со Едлира.
Во една порака на Фејсбук мајката убиец напишала„ Девојчињата се целата моја сила“.Ги убив за да ги спасам од очајничкиот живот што ги очекуваше во иднина, им рекла Едлира Добруши на карабињерите кога дошле во нивниот стан во пери