Фото: Александар Трајковски „МАГНЕТ“ за Белгиските медиуми

Македонскиот интернационалец од редовите на белгиски Зулте Варегем, младиот Александар Трајковски, во изјава за белгиските медиуми вели дека „Зулте Варегем е целосно фокусиран на секој натпревар поединечно“, од друга страна, нашиот интернационалец е привлечен за тамошните медиуми и поради фактот што нашата репрезентација наредниот месец игра натпревар во квалификациите за СП 2014 токму против Белгија.

 
 
 
„Дадов интервју за белгиски весник, кажав дека ние сме сконцентрирани за секој натпревар и не губиме време на тоа дали ќе играме во „Лига Европа“ или „Лигата на Шампионите“, едноставно, одиме натпревар по натпревар, долг е плеј-офот пред нас, владее голема сконцентрираност во нашиот тим“ вели Александар Трајковски за „Пулс24“.
Трајковски во интервјуто наведува дека е задоволен од неговата моментална форма, викендов одигра одличен натпревар на кој асистираше за гол а притоа имаше и 3 добри-изгледни шанси за погодок, се надева дека ќе биде стартер во понатамошниот дел од сезоната.

Понатаму, младиот Трајковски, за тамошните медиуми истакнал дека се надева дека ќе добие повик од селекторот на Македонската Национална фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски.
„Во интервјуто исто така бев прашан и за натпреварот кој нашата селекција го игра наредниот месец токму со Белгија, се надевам дека ќе добијам повик за тој натпревар“ вели Александар Трајковски за „Пулс24“.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Македонскиот интернационалец од редовите на белгиски Зулте Варегем, младиот Александар Трајковски, во изјава за белгис

Пронајдете не на следниве мрежи: