Фото: Американски олимпиец се заглавил во тоалет, па ја разбил вратата!

Поранешниот играч на НФЛ тимовите Бафало и Грин Беј останал заробен во тоалетот без мобилен телефон, а не можел да го дочека доаѓањето на цимерот. Џон Квин, член на американската боб репрезентација, се пофалил на друштвените мрежи со фотографија на која се гледа разбиената врата во хотелската соба во Сочи.
Квин објаснил дека се заглавил во тоалетот и дека морал да употреби сила за да ја разбие вратата за да излезе надвор. Тој не го понел мобилниот телефон со себе, а неговиот цимер во тој момент бил во теретана.

 

Тешката врата не ги издржала ударите на Квин, што и не е необично имајќи го во предвид фактот дека тој е поранешен НФЛ играч.
Квин во 2007 година бил член на Бафало Билс, потоа на Грин Беј Пекерс. Кога одлучил веќе да не се бави со американски фудбал прешол на боб и станал репрезентативец на САД. 
Џон Квин, член на американската боб репрезентација, се пофалил на друштвените мрежи со фотографија на која се гледа разбиената врата во хотелската

Пронајдете не на следниве мрежи: