„Протести во Бања Лука“, „Хаос во црногорското собрание“, „Криза во Владата во хрватскиот Собор“, „Продолжија протестите во Македонија“… Ова се насловите на повеќе регионални медиуми кои покажуваат дека не само Македонија, туку целиот Балкан е втурнат во политичка криза за нелегитимна смена на власта.Балканот е под удар на неочекувани, во некои случаи насилни, а во сите случаи од странство предизвикани обиди за брза смена на власт. Во исто време од странство се менаџираат промени на власта во Хрватска, Република Српска, Црна Гора, Македонија и Бугарија, а во најава е и Албанија.
Најалармантно во моментов е во Република Српска. Во изјава за медиумите српскиот премиер Вучиќ тврди дека од разузнавачки извори добил информации дека во Босна се спрема нова војна. Најавите за крвопролевање на улиците на протестите кои се закажани за 14-ти мај се особено опасни ако се има предвид дека во последниве години во Босна не постојат умерени и контролирани немири.
Исто како и во Македонија, опозицијата во Црна Гора со месеци организира протести, преку обид за насилен влез во Парламентот во Подгорица и поставување шатори, опозиција во Црна Гора успеа да влезе во власта преку вицепремиерското место и ресорите финансии и труд и социјална политика.
Хрватска пак веќе се соочува со парламентарна криза и покрај Владата која беше избрана на легитимни избори пред помалку од 4 месеци. Актуелниот премиер Тихомир Орешковиќ е под закана од опозиција која најавува постапка за гласање негова недоверба.
Бугарија пак во моментов се наоѓа пред нова техничка влада поради несогласувањата помеѓу политичките партии. Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев порача дека е подготвен да состави трета техничка влада со цел смирување на ситуацијата. Причините за ваквите сценарија засега се непознати, но времето ќе покаже која е крајната цел на рушењето влади на Балканот.Балканот е под удар на неочекувани, во некои случаи насилни, а во сите случаи од странство предизвикани обиди за брза смена на власт. Во исто време