Фустан каков што барала долго време, конечно нашла во една продавница на „Примарк“ во Свансеа во Велика Британија, но кога ја погледнала етикетата, останала во шок.Еден од водечките ланци на бутици со висока улична мода го тресе скандал откако неколку клиенти во различни делови од Велика Британија на етикетите на производите откриле вознемирувачка порака од работниците кои ги изработиле тие производи.
25 годишната Ребека Галагер барајќи го упатството за перење на фустанот кој го платила 10 фунти, наишла на вознемирувачка порака.
„Принудени да работиме не исцрпува работното време” – пишувало на етикетата сошиена на фустанот.
Само неколку дена откако оваа девојка ја пронашла оваа порака, нејзината имењачка, 21-годишната Ребека Вилијамс во истиот бутик купила маица.
„Понижувачки услови за работа” – пишувало на етикетата која била сошиена на маицата која Вилијамс ја купила.
– Некогаш постојано пазарев во „Примарк“, но сега веќе не купувам толку многу таму. Етикетата ме натера да размислам на тоа како се произведува мојата облека. Не знам кој ја направил етикетата ниту како се најде таму, но ќе ве натера да размислите”, изјавила Вилијамс за „Дејли меил“ и додала дека таа се обидела да ги контактира одговорните лица од „Примарк“, но ја ставиле на чекање додека линијата не се прекинала.
Со исто вакво искуство се сретнала и 28-годишната Карен Висинка која во џебот на фармерки од истиот бутик, кои ги купила во Белфаст и ги платила 10 фунти, пронашла порака на работник напишана на мандарински-кинески јазик.
Карен пораката заедно со идентификациската карта на работникот и негова фотографија ја открила дури три години по купувањето на фармерките.
„Работиме 15 часа на ден. Јадеме храна која е полоша од најлошата, тоа што го јадеме е полошо од храната за свињи или кучиња”, пишувало во пораката на работникот кој тврди дека е во затворот Хубеи Џиангна.
Наведува дека затворениците и други луѓе се присилени да работат на нивните производи, а од „Примарк“ го демантирале ваквото тврдење и кажале дека наскоро ќе биде покрената истрага.Еден од водечките ланци на бутици со висока улична мода го тресе скандал откако неколку клиенти во различни делови од Велика Британија на етикетите



