Тие се обврзуваат на „чист живот пред Бога“, ветувајќи им на своите татковци дека нема да имаат сексуални односи, понекогаш дури ни бакнувања пред стапувањето во брак.Американскиот верски обред во кој девојчиња, тинејџерки, но и деца од 4-5 години, се обрзуваат на „чист живот пред Бога“, ветувајќи им на своите татковци дека нема да имаат сексуални односи пред бракот, документираше шведскиот фотограф Давид Магнусон.
Во цермониите и баловите на невиност, учествуваат татковци и нивните ќерки, а за време на обредот девојчињата симболично „се мажат за Бога“, со што се заветуваат дека ќе останат „чисти“ до првата брачна ноќ. Истовремено, сите се обврзуваат дека ќе ја штитат оваа „света врска“ и за време на обредот на ќерките им предаваат „прстен на чистота“.
Имено, овој обред се случува во дури 48 сојузни држави во САД. Во Колорадо Спрингс, на пример, секоја година во колективната церемонија учествуваат околу 60 татковци.
Американскиот верски обред во кој девојчиња, тинејџерки, но и деца од 4-5 години, се обрзуваат на „чист живот пред Бога“, ветувајќи им
Пронајдете не на следниве мрежи: