Фото: Бизарно-го задавил пријателот поради ракија!

Со голи раце го задавил пријателот и тоа поради ракија. Имено, Дарко Тодоровиќ(43) од Ниш во саботата го задавил најдобриот пријател Радоје Танасковиќ(55).
Притоа, убиениот бил пронајден на кревет во семејната куќа, а неговото тело е предадено на обдукција, додека Дарко бил уапсен во неделата вечер. Убиецот по делото тргнал кон Ниш каде имал изнајмен стан, а делото веднаш му го признал на својот брат.
-Не му верував бидејќи знаев дека е пијан. Со покојниот беше нераздвоен, повеќе го сакаше него отколку целата фамилија во селото. На никој не му е јасно зошто го направил тоа, изјавил братот на убиецот кој и пред убиството седел со нив.

 

Полициски извори за српски медиуми велат дека по апсењето на Дарко тој признал дека на 5-ти април околу 20 часот го убил Радоје бидејќи не му давал да пие ракија. Одреден му е 30 дневен притвор.
Тодоровиќ бил хроничен алкохоличар и дури 8 пати се лечел во здравствена установа. Од институцијата каде бил на лекување велат дека убиецот не бил психички болен, но бил со ограничена интелигенција.Имено, Дарко Тодоровиќ(43) од Ниш во саботата го задавил најдобриот пријател Радоје Танасковиќ(55).

Пронајдете не на следниве мрежи: