Македонската фолк пејачка, Благица Павловска во друштво на своите пријатели го следеше Фестивалот во охридското кафуле “Објектив” на Кејот, елегантно облечена ,со појака шминка и видно ослабена – објавува Вест.„Работам на текстови и на музика за моите идни песни. Тоа нема да бидат љубовни песни, сум испеала многу такви досега. За љубовта засега ништо не пишувам, таква песна ќе испеам кога ќе дојде вистинско време. Засега повеќе сум инспирирана за родољубиви песни, на 'Валандово', на пример, пеев: 'И повторно да се родам, тебе ќе те сакам, Македонијо'. Пишувам и стихови, како 'Брат брата не храни, тешко кој го нема', 'Вечна слава, Македонци'. Не се повлеков од музиката, јас постојано творам и пеам, кога имам што да кажам. Без оглед што не пеам класични љубовни песни, опкружена сум со многу љубов, Божјата, пред сe. Божјата љубов е најважна од сe. Имам и верни пријатели што се секогаш тука да ми подадат рака, како што велат, роднините не ги избираш, но пријателите да“, вели Благица за Вест.
Освен тоа Благица се пофали дека живее доста здрав живот.
„Многу внимавам на себе и држам до себе, но не егоистички. Ниту една жена со годините не смее да си дозволи да падне туку треба да оди напред. Се потхранувам духовно од Божјата љубов. Од љубовта не сум се откажала, таа треба само да се случи“, вели таа.„Работам на текстови и на музика за моите идни песни. Тоа нема да бидат љубовни песни, сум испеала многу такви досега. За