Фото: „Божја рака“ се појави во вселената!

НАСА го шокира светот откако објави фотографија на која може да се забележи рака која лебди во вселената.„Божјата рака“, како што е наречена, всушност претставува остатоци од ѕвезда која експлодирала во небесниот простор, потврдуваат експертите. Се верува дека фотографијата е наречена „Божја рака“ токму поради сличноста со сликата на Микеланџело „Создавањето на Адам“.
На фотографијата, која е направена во 2009 година од една американска опсерваторија е евидентирана нискоенергетска-рендгенска светлина во црвена и зелена боја, но интересно е и тоа што за првпат телескопот „ЊуСтар” забележал и светлина во сина боја.
Пулсар е оддалечен околу 17.000 светлосни години, а широк е околу 19 километри во дијаметар. Ротира околу својата оска околу седум пати во секунда, со што предизвикува честичките од согорените ѕвезди да создадат магнетно тело и „рендгенски сјај“.
 „Божјата рака“, како што е наречена, всушност претставува остатоци од ѕвезда која експлодирала во небесниот простор, потврдуваат експер

Пронајдете не на следниве мрежи: