Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ целосно се завршени градежните активности за реконструкција на блокот А, како втора фаза од процесот за целосна обнова на домот. Досега целосно се реновирани блоковите А и Б, а за десетина дена се очекува да започнат активностите и за реновирање на останатите два блока В и Г и до следната година да бидат целосно завршени.Увид денеска извршија замeник министерот за образование и наука Спиро Ристовски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Ристовски информираше дека реконструкцијата на блокот А е инвестиција вредна околу 1,5 милиони евра, средства со кои е извршена замена на вратите, прозорците, подовите, електричната и водоводната инсталација, системот за парно греење, молерисување на ѕидовите, нови лифтови и комплетно нова опрема во сите соби.
За двата блока кои досега се обновени, инвестирани се 3 милиони евра. Веќе во текот на следната недела, во среда или четврток студентите кои се сместени во еден од блоковите кои сé уште не се реновирани, ќе можат да се префрлат во овој блок.
Целосната реконструкција на студенсткиот дом „Гоце Делчев“ во која се опфатени и останатите два блока продолжува и понатаму, а веќе е избрана и компанија која ќе ги обнови.
Набавката на нов мебел во сите студентски домови и професионални машини за перење беа дел од „40 проекти за млади“ ветени минатата година од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
Набавката на мебел за сите државни студентски домови веќе е во завршна фаза, а во тек е и замена на стариот мебел и во сите останати домови во Скопје, по што ќе бидат опфатени и домовите во другите градови.
Станува збор за инвестиција од 1,5 милиони евра и таа ќе биде заокружена во следните два месеци.
Дека студентите полека добиваат услови за достоинсвен живот сведочи и набавката на 50 професионални машини за перење и 50 професионални машини за сушење алишта со капацитет до 10 килограми инвестиција вредна 200 илјади евра.
Ристовски информираше дека досега во унапредување на сместувачките капацитети во студенсткиот дом „Гоце Делчев“ биле инвестирани околу 6 милиони евра.Увид денеска извршија замeник министерот за образование и наука Спиро Ристовски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Ристовски информир